Почетна / Совети за здравје / Јога за внатрешна рамнотежа

Јога за внатрешна рамнотежа

Јога е древна техника на физички вежби и вежби за дишење која настана во Индија каде што се смета како средство за просветлување, односно постигнување на единство со самиот себеси и со универзумот.

Денес јога се вежба поради различни причини, едни вежбаат поради физичкото здравје, други поради развивање на концентрација, некои поради одредени филозофски убедувања, а другите пак за да го постигнат внатрешен мир и рамнотежа. До резултат се доаѓа природно и постапно. Пореметување на сонот, проблеми со варењето, болки во главата и рбетот ќе бидат послаби, кожата ќе Ви биди по затегната, се на се – ќе бидете повеќе во движење и по смирени. Издвоите во текот на денот 20 минути и испробајте кога јогата најмногу Ви одговара: наутро за брзо разбудување, во пладне за враќање на енергија или навечер за смирување.

Најпознати врсти на јога

  1. Хатха јога се занимава со телото и со ускладување на енергија, потребна е како основа за понатамошен духовен развој доколку човек сака да свесно продолжи по тој пат.
  2. Гјана или џнана јога е јога која одговара на интелектуален тип на личноста. Спознавајќи ја сопствената природа по пат на размислување и контемплација и сознавањето на вистината од невистина се настојува да се дојди до самата суштина и целта на постоењето.
  3. Карма јога е јога во акција. Карма е секоја условена акција, добра или лоша, која има мотив и бара некој резултат. Најмногу одговара на динамични и предузимливи уѓе кои не ги држи местото и немаат трпение да медитираат.
  4. Бхакти јога е најзахтевен облик на јога, каде што нема место за резервираност од било каква природа. Одговара на емотивен тип.
  5. Радџа јога, во превод значи кралевска јога, е духовен пат кои води до реализација, низ дисциплина, самозадржување и бескпромисна дисциплина на умот. Одговара на мистичните и јасно детерминирани типови на личности кои се одликуваат со силна волја.

Јога која голем број на луѓе практикуваат и познаваат се вика Ха – Тха јога и се состои од положбата и вежби во движење кои се складни со дишењето, како и вежби за дишење кои се во главно изведуваат во седечка позиција.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...