Почетна / Совети за здравје / ЈАТКИТЕ МОЖАТ ДА ГО ПРОДОЛЖАТ ЖИВОТНИОТ ВЕК!

ЈАТКИТЕ МОЖАТ ДА ГО ПРОДОЛЖАТ ЖИВОТНИОТ ВЕК!

Секојдневното консумирање на јатките може да го намали ризик од настанување на предвремената смрт, ни откриваат резултатите од истражувањата кои се објавени во списанието International Journal of Epidemiology.

Резултатите од истражувањата покажале дела луѓето кои секојдневно внесуваат околу 10 грама јатки, имаат подолг животен век, а ризик од настанување на предвремената смрт е помал  за дури 23% во однос на оние луѓе кои ретко или воопшто не консумираат јатки.
Ризик од настанувањето на неуродегеративни заболувања се намалил дури за 45%, ризик од настанување на заболувања на респираторниот тракт за 30%, а ризик за настанување на дијабетес за 30%. Претходните истражувања покажале дека јатките, посебно оревите и бадемите можат да го подобрат целокупното здравје и можат да помогнат во превенцијата на кардиоваскуларните заболувања.

Научниците веруваат дека за тоа се заслужни полинезаситени масни киселини, витамини, влакна и антиоксиданси. Путер од кикиритки не се покажал како ефикасен во превенција од заболувањата бидејќи содржи заситени масни киселини и премногу адитиви.

Со консумирањето на јатките треба да се биде умерен затоа што тие имаат висока калориска вредност. Стручњаците советуваат дека не треба да се консумира повеќе од 10 грама јатки дневно ( околу 2 лажици), за да уживате во нивните бенефити, а во исто време да не се изложувате на ризик од додавање на прекумерна тежина.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...