Почетна / Здравје и исхрана / Јатки – за добро здравје, убав изглед и долговечност

Јатки – за добро здравје, убав изглед и долговечност

Јатките обилуваат со протеини, билни влакна и други материи кои се добри за Вашето здравје, младешки изглед и долговечност.

Лешник содржи висок процент на амино киселини, Б комплекс, Витамин Ц, магнезиум и флавоноиди. Јадете ги лешниците и ќе го намалите чувството на замор и нервоза, ке постигнете подобра концентрација и помнење. Вашата кожа ќе биде цврста и мазна. Лешниците исто така се благотворни за мускулите, кардиоваскуларен систем и систем на жлезди со внатрешно лачење.

Орев обилува со магнезиум, есенцијални масни киселини, минерали и со калциум. Помага во заздравување на коските при скршеници, еластичност на кожата, младешки изглед како и за здравото работење на срцето. Се препорачува консумирање една рака ореви на ден.

Бадемите влијаат за намалување на ризик од срцевите тегоби. Позитивно делува на косата и кожата. Предизвикува чувство на ситост и го редуцира ниво на холестерол. Обилува со калциум, магнезиум, Е витамин, здрави мононезаситени маснотии. Дневна потреба од бадеми е 20 грама дневно.     .

Индиски орев на прво место има големо количество на антиоксидансен минерал кој се вика селен. Селен позитивно влиае на плодност кај посилниот пол. Добар е за кардиоваскуларен систем како и за имунитет. Дневна потреба се 4 до 5 индиски ореви секој ден.

Фстаци поред тоа што се вкусни, тие се исто така здрави и хранливи. Докажано е да благотворно делува на срцето, го намалува нивото на холестерол и шеќер во крвта. Големо количество на антиоксиданси влиае на зајакнување на имунитетот, па дури и на намалување на ризик од тумори. Високиот ниво на калиум, а низок ниво на натриум овозможува исфрлување на течностите, што е посебно важно за личности со зголемен крвен притисок.

Кикиритките по свој состав содржат: витамин Е, витамини од Б комплекс, фолна киселина, аргинин, коензим Q10. Го потикнува слабеењето и младешки изглед и им се препорачува на луѓе кои боледуваат од дијабетес.

Проверете и

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods?

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods? Има антиоксидативна заштита Брза апсорпција на Витамин Ц ...