Почетна / Здравје и исхрана / ЈАЈЦА – ВКУСНА И ЗДРАВА ХРАНА

ЈАЈЦА – ВКУСНА И ЗДРАВА ХРАНА

Јајцата се вкусни, преполни се со хранливи материи, витамин Б и протеини. Иако се предупредува за нивните негативни влијанија врз здравјето на срцето, стручњаците се согласуваат дека исхрана која ги вклучува јајцата е здрава. Една студија дури покажува дека утринскиот појадок со јајца во споредба со оној утрински појадок со житарки им помага на луѓето да ја намалат желбата за благи десерти и масна храна во текот на денот.

Жолчката е еден од најбогатите извори на колин, витамин од група на Б комплекс, кој е поврзан со подобри неуролошки функции и намалувањето инфекциите. Освен тоа, постојат докази дека колинот, ако го консумираат бремените жени, помага кај феталниот развој на мозокот.

Јајцата преставуваат златен стандард кога станува збор за квалитетот на протеините. Тоа е затоа што телото одлично ги апсорбира протеините кои се наоѓаат во јајцето. Еден од поголемите извори на белковините се токму јајцата. Белката содржи адекватни количини на есенцијалните аминокиселини кои учествуваат во изградбата на мускулите, ткивата, кожата, антителата на имуниот систем, транспортните белковини кои ги пренесуваат хранливите материи. Не само што се добар извор на белковини, туку се добар извор на јод кој е важен за нормалното фукционирање на штитната жлезда. Јодот е составен дел од хормоните тироксин и тријодтиронон. Без доволното количество на јодот, телото не може да ги синтетизира тие хормони. Јајцата се исто така добар извор на селен кој е потребен за метаболизам на хормоните на штитната жлезда.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...