Почетна / Здравје и исхрана / Јаготките за здравје и за витка линија

Јаготките за здравје и за витка линија

Освен што се вкусни, јаготките се богат извор на важни состојки. Според зборовите на стручњаците, во прашање е овошје која треба да се најде секојдневно на менито. Редовното консумирање на јаготките многу брзо може да се исплати благодарение на позитивното делување на целокупната здравствена состојба.

Препорачаните пет порции на свежото овошје и зеленчук секој ден за многумина е недостижна цел. Додавање на свежите јаготки на дневниот мени, во вид на свежо цедениот сок, овошни салати (без шеќер) без додатоци, одличен е начин да му помогнете на имуниот систем и да му се спротивставите на прекумерните килограми.

Јаготките содржат бројни корисни материи. Богат се извор на фитонутриенти и антиоксиданси кои се во првата одбрана на организмот од слободните радикали. Се верува дека антиоксидативните својства на јаготките се во тесна врска со нивната убава црвена боја. Слободните радикали ги оштетуваат клетките и допринесуваат на развивање на многу видови на рак.

Поред многу важениот витамин Ц, ова овошје одличен е извор на витамин К, манган, како и фолна киселина, калиум, рибофловин, витамин Б5, Б6, бакар, магнезиум и омега 3 масни киселини. Благодарение на ваквиот состав, бројни се благодетите од јаготките, сепак тие се многу осетливи и брзо се расипуваат па во домашните услови можат да се чуваат најмногу два до три дена.

Во текот на сезоната, тоа не е голем проблем, меѓутоа во текот на годината мора да се замрзнуваат, што ги уништува, скоро сите корисни состојки. При купувањето би требало да водите сметка за тоа плодовите да не бидат ниту зелени, ниту пак презреани.

За разлика од останатото овошје, не созреваат дополнително, доколку се соберени недоволно созреани. На тој начин ќе го наградите организмот со здрава храна а непцата со вкусна посластица која на високите температури пријатно освежуваат. Како и другото овошје, јаготките темелно измијте ги пред да ги подготвите за јадење или ставете ги во фрижидер или ладилник. Плодовите кои почнуваат да гнијат веднаш фрлете ги.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...