Почетна / Здравје и исхрана / ЈАГОДА – ОВОШЈЕ ПОЛНО СО ВИТАМИНИ!

ЈАГОДА – ОВОШЈЕ ПОЛНО СО ВИТАМИНИ!

Освен што е хранлива, ова ниско калорично овошје има и лековити својства: го стимулира работењето на џигерот и бубрезите и го подобрува процесот на исфрлувањето на течностите од организмот. Дали поради нивната примамлива црвена боја, вкус или мирис, ретко кој може да одолее на јагодите.

Кај Римјаните јагодите биле многу ценето овошје, а во средниот век се користеле во лекувањето на многу болести. Во 18 век. од Чиле и Перу семките од крупни јагоди стигнале во Европа. Иако можете да ги најдете во текот на целата година во подобро снабдени трговски центри, нивното идеално време за консумација е од април до јуни. Малите диви јагоди, познати се по нивен интензивен мирис и се сметаат за лековити.

Содржат големо количество на витамин Ц, големо количество на антиоксиданси и го чистат организмот од маснотиите. Го намалуваат количеството на слободните радикали, ја поттикнуваат детоксикацијата и го намалуваат ризикот од настанувањето на малигните тумори. Билните феноли го намалуваат ризикот од срцевите заболувања, а со самото тоа го поттикнуваат  работењето на срцето.

Според пирамидата на правилната и урамнотежена исхрана, јагодите се високо позиционирани и се препорачуваат 2 до 3 овошни оброци дневно. Богати се со влакна кои благотворно делуваат на пробавниот систем и со тоа се намалува можноста за настанување на карцином на дебелото црево  Воедно го намалуваат ризикот од заболување од инфаркт на миокардот и ангина пекторис.

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...