Почетна / Совети за здравје / Јаглика (Primula officinalis) – одличен лек за бронхитис, настинка, мигрена, несоница, хронична исцрпеност и уште многу други заболувања

Јаглика (Primula officinalis) – одличен лек за бронхитис, настинка, мигрена, несоница, хронична исцрпеност и уште многу други заболувања

Јаглика (Primula officinalis), е една од првите весници на пролетта, во народната медицина е позната како лек за искашлување, бронхитис, настинка. Богата е со ензими, минерали, есенцијални киселини и сапонизиди. Користи се уште и во лекувањето на мигрена, несоница, реуматизам.

Јагликата почнува да цути со почетокот на март. Во лековити намени се користи сушениот корен, листови, цветови кои се берат исклучиво кога е времто сончево и се сушат еден или повеќе дена. Коренот може да се извади во пролет или во есен.

Делувањето и состав на јагликата        

  • Во свежиот корен има најмногу сапонозоиди кои ја олеснуваат елиминацијата на слузта и во исто време помага во искашлувањето. Цветови се богати со флавоноиди – состојќи кои ја зголемуваат еластичноста на крвните садови и делуваат како диуретици. Цветовите треба брзо и добро да се исушат. Јагликата содржи и витамин Ц, најмногу во листот и цветот.
  • Јагликата е посебно добра во лекувањето на белодробните заболувања, несвестица и аритмија. Чај подготвен од цветовите го зголемува бројот на црвените крни зрнца.
  • Чај од корен од јаглика делува како смирувачко средство при мигрена, главоболка, нервоза, вртоглавица. Поред сето ова наведено, јагликата се користи во лекувањето на болните бубрези, реуматизам и хроничната исцрпеност. Извонредно делува на воспалението на срцевиот мускул и се користи како превенција против изливот на крвтта во мозокот.
  • Следното битно делување на јагликата е помош при воспоставување на здрав сон. Ова билка преставува најефикасно природно средство против несоница, па затоа во народната медицина се употребува за отстранување или намалување на нервната напнатост, главоболка предизвикана од стрес, вртоглавица.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...