Почетна / Фитнес и аеробик / Јаглени хидрати кои се добри за вашиот струк

Јаглени хидрати кои се добри за вашиот струк

Јаглените хидрати се сметаат за најголем непријател на тенката половина, но детални истражувања покажаа дека тоа баш и не е така.

Интегралниот леб има помеѓу 80 и 90 калории на парче, барем 2 грама влакна и помалку од еден грам шеќер, но тоа важи само за лебот направен исклучиво од интегрално брашно.

Кои јаглени хидрати можи и треба да ги јадеме, ова е често прашање на луѓето кои држат диета. Па еве неколку совети.

Грашокот е многу корисен за вашето здравје и функционирање на оганизмот. Само половина шолја има 12% од препорачаната дневна доза цинк, што е исклучително важна бидејќи го зголемува нивото на лептин кој дава чувство на ситотст. Половина шолја варен грашок содржи уште 4,5 грама влакна, 12.5 грама јаглени хидрати и 67 калории.

Интегралните тестенини имаат до 200 калории во порција, а во 28 грама има и 43 грама јаглени хидрати и 5 грама влакна, но исто како кај лебот, мора да бидат направени од 100 % интегрално брашно.

Киноа е вета билка на старите Инки, ги содржи сите десет есенцијални аминокиселини кои заедно ги горат калориите и ја чуваат вашата линија. Половина шолја киноа има 111 калории, 2.5 грама влакна и 20 грама јаглени хидрати.

Гравот е склучително здрав и одличен извор на железо и протеини, а половина шолја црн грав од конзерва има 109 калории, 8 грама влакна и 20 грама јаглени хидрати.

Овесната каша има дури една половина влакна растворливи во вода, кои не држат долго време сити, а половина шолја има 153 калории, 4 грама влакна и 27 грама јаглени хидрати.

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...