Почетна / Здравје и исхрана / Јадете црни сливи додека ви се при рака

Јадете црни сливи додека ви се при рака

Нутриционистите тврдат дека на врвот од листата со 24 овошја, најјаките антиоксиданси кои делуваат, се наоѓаат токму во црните сливи.

Сувите сливи во однос на друго суво овошје има дупло повеќе антиоксиданска моќ. Во составот на сувите црни сливи се наоѓа концентриран сорбитол и влакна, кои му даваат поголем лаксативен ефект во однос на свежите сливи.

Но затоа пак и свежите и сувите сливи претставуваат вистинка ризница на калиум, влакна, витамини, а во мали трагови се наоѓаат магнезиум и железо.Во било кој облик ова овошје е исклучително здраво и богато со единствените фитонутриенти, како и неохлорогенска и хлорогенска киселина. Овие супстанци припаѓаат асемејството феноли, чија антиоксидантска улога е потврдена во различни научни истражувања.

Во 100 гр сливи има 87 гр вода и 11 гр јагленихидрати. Од витамините застапени се највеќе Ц и Е, бетакаротен и фолна киселина. Кога станува збор за минералите, богати се со калијум, фосфор, магнезиум и натриум.

 

Здрав доручек

За доручек може да се направи овое јогурт со сливи така што во обичен јогурт се додаваат сечкани и излуштени сливи и мед по желба. Доколку сами печете р’жан леб, при припрема на смесата треба да додадете и напола испечени сливи во рерна. Вака спремениот р’жан леб е многу сладок, вкусен и здрав.

Купувајте цврсти плодови

При купување на сливи треба да внимавате плодот да е цврст, неоштетен и да има дршка. Површината треба да биде малку замаглена, што покажува дека со сливите правилно се постапувало. Имајќи на ум дека брзо узреваат, во фрижидер може да се чуваат најмногу три дена. Треба да се оддвоени во хартиена ќеса, бидејќи дозревајќиослободуваат етилен, кој го забрзува процесот на зреење на останатото овошје што се наоѓа во фрижидер. Освен тоа, извадени од фрижидерот треба извесно време да отстојат на собна температура, затоа што на тој начин им се враќа до максимум сочноста и слаткоста.

Замрзнати до три месеци 

Замрзнатите сливи, по правило, може да се чуваат во замрзнувач најдолго до три месеци. Пред да се стават во замрзнувач треба да се преполоват и да им се извадат коските. Така преполовени наредете ги на тањир, па замрзнете ги.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...