Почетна / Совети за здравје / Јадете мед и цимет и зајакнете го имунитетот!

Јадете мед и цимет и зајакнете го имунитетот!

Еден од начините да го зајакнете имунитетот е да поред јадењето на здравите храна која е богата со витамини и минерали, секое утро пред утринскиот појадок земете лажица мед. Медот можете да го јадете во комбинација со многубројни намирници, а едната меѓу добрите комбинации е мед и цимет, која е позната по антисептични и анти бактериски својства.

Што содржи медот?   

Само една лажица мед содржи преку 70 разновидни состојки, а прецизниот состав зависи од мешавината на цвеќето и билките чиј што нектар го собираат пчелите. Во суштина околу 80% од медот се состои од јаглените хидрати од кои најмногу има фруктоза и гликоза. Околу петина од медот е вода  која влијае на вискозноста, тежината и кристализацијата на медот. Во лажицата мед се наоѓаат и киселините, но не многу. Нивната застапеност и Ph вредноста зависи од видот на билките од кои е направен медот, како и од поднебјето. Медот обилува со витамини, а најмногу има витамини од Б група и витамин Е.

logo zoralek final-02

Мед и цимет   

Ако сакате пред се да ја зголемите животната енергија ова е вистинска комбинација за Вас. Мед со цимет ќе Ви даде чувство на спокојство и задоволство. Исто така, бројните истражувања покажале дека при консумирањето на мед и цимет секојдневно во мали количества го подобрува работењето на срцето и ги смирува инфекциите на уринарниот тракт. Ова комбинација поволно е да се консумира кај проблемите со лошата пробава, како и кај настинките, бидејќи цимет и мед се вистинска бомба на здравје која ќе го зајакне Вашиот имунитет. Комбинацијата на овие намирници ги лечи акните и го спречува нивното настанување, а се препорачува и за чистење на пробавниот тракт од паразити и бактерии кои го забавуваат варењето.

Проверете и

10 неочекувани причини да пиете повеќе вода

Со празниците зад нас и здравите навики во нашите умови, многумина се уште тагуваат за ...