Почетна / Здравје и исхрана / Јадете го младиот кромид доколку сакате да бидете здрави

Јадете го младиот кромид доколку сакате да бидете здрави

Со доаѓањето на пролетта и убавото време, младиот кромид задолжително се најдува на нашата трпеза. Освен што е вкусен и незаменлив во многу јадења, младиот кромид важен е и за здравјето на организмот. Количеството на вода во младиот кромид може да биде и до 90 проценти. Тоа значи дека има помалку јаглени хидрати па слободно можете да го грицкате како јаболко.

Исто така е богат со витамини и минерали. Содржи големо количество на витамин Ц, но и витамини од Б групата, витамин Е и провитамин А. Доколку го јадеме варен, ќе чувствуваме корист од младиот лук поради влакната. Одличен е за здравјето на срцето затоа што го запира настанувањето на масните наслаги и чува од затнувањето на крвните артерии и создавање на тромбоза. Младиот кромид ќе им помогне и на луѓето кои имаат проблеми со шеќер во крвта благодарение на хипогликемиско делување.

Како се чисти?

Младиот кромид во суштина е кромид кој се зема пред да порасни повеќе. За да полесно го исчистите, измијте го кромидот со вода за да ја отстранете земјата, а потоа сечете го врвот со коренот. Не сечете премногу високо затоа што белиот дел од кромидот е највкусен. Сечкајте го на тенки тркалца доколку сакате добро да го измешате со останатата храна, а доколку сакате посебно да го чувствувате, на пример во салата, сечете пошироки тркалца. За микс со зеленчук и подготовка на кинеска храна сечете го по должина затоа што убаво ќе се вклопи со сечканиот морков и останатите намирници.

Одгледувајте го и дома

Можете да го одгледувате и дома на балкон. Тој вид на кромид никнува најбрзо од сите сорти, а бидејќи да е со благ вкус, понекогаш го сакаат и децата. Нема да зафаќа многу место, а исто така му е потребно многу сонце и влага.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...