Почетна / Совети за здравје / Јадења кои ја крадат вашата енергија

Јадења кои ја крадат вашата енергија

Храната е гориво, а она што го јадете влијае на тоа како вашето тело работи или причина да се осеќате по малку мрзливо. Што би било добро да избегнувате?

Доручек полн со шеќер:
Рафинирани јагленихидрати, како што се шеќер и бело брашно, можат нагло да ви ја подигнат енергијата, но за многу кратко време доаѓа до пад на енергијата. Наглите скокови и подигнување на шеќерот во крвта го потиснуваат потребото производство на хемикалии во мозокот кои го регулираат апетитот и системот за варење. Затоа одлучете се за здрав доручек кој содржи протеини.

Енергетски пијалоци:
Енергетските пијалоци делуваат краткорочно. Вушност го пореметуваат нивото на шеќер кое ќе падне дури и повеќе од првобитната состојба до пред да го испиете енергетскиот пијалок. Со оглед на тоа што го дехидрираат организмот, секако подобро е да посегнеме по вода  да ја угасиме жедта.

Мрсна храна:
Едноставно кажано, мрсната и пржена храна потешко е да се обработи и свари. За потребното варење внатрешните органи ќе повлечат крв далеку од екстремитетите што може да трае од шест до осум часа. Сето тоа време вие ќе се осеќате тромо. Мрсната хран исто така може негативно да влијае на вашето крткорочно памтење и функција на мускулите.

Храна со мала количина на железо:
Ако на вашето тело му недостига железо тогаш претпоставуваме дека ќе се осеќате уморно. Како превенција јадете повеќе спанаќ готвен на пареа, леќа и семки од тиква.

Црно вино:
Чаша вино со ручекот може да изгледа како добра идеја, но алкохолот може да ја земе целата ваша енергија. Црвеното грозје е богато со мелатонин, хормон за спиење. Но не користете го алкохолот како средство за спиење, бидејќи го поремеува квалитетниот сон. Подобро испијте чаша топло млеко или сок од вишни.

Прескокнување оброци:
Прескокнувате ли оброци и вие? Во тој момент телото се однесува како да гладувате и почнува да штеди енергија. Сите телесни функции заслабнуваат, па така и концентрацијата. Особено тоа се случува за време на напорниот работен ден. Затоа задолжително наоѓајте време за доручек и мали ужинки.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...