Почетна / Совети за здравје / Изгореници од сонце кај мали децата
Protecting Mommy

Изгореници од сонце кај мали децата

Доколку вашето дете/бебе добие изгореници и е помладо од 12 месеци, консултирајте се со лекар па дури и да се работи за мала изгореница на изглед.
Изгорениците и црвенилата од сонце можат да бидат посериозни отколку што изгледаат.
Доколку вашето дете е на возраст поголема од 1 година и на неговата кожа се појават знаци од мало црвенило веројатно не морате да повикувате доктор.
Постојат неколку патокази кои лекарите ги препорачуваат за родителите во случај на изгореници и црвенила после изложување на сонце или пак сончање кај нивните деца.
Што треба да се прави во случај на изгореница кај новороденче/дете:

  • Детето е потребно да консумикра поголема количина на течности: мајчино млеко или формула, а вода и негазирани и помалку зашеќерени пијалоци доколку е повозрасно. Хидратацијата е особено важна за заздравување на кожата и замена на изгубените речности по изложување на сонце.
  • Потопете чиста, мека кртпа во ладна вода, исцедете ја и нежно поставете ја на местото каде ја лоциравте изгореницата за период од 10-15 минути за да не предизвикате преладување на вашето малечко.
  • Детето туширајте го или бањајте го во поладно-млака вода. Доколку го бањате во кадичка во неа додадете малку сода или мелена овесна каша за да отстои 10-15 минути во неа па да го избањате.
  • Детенцето никогаш не го бањајте со топла вода, туку со млака кон поладна вода за да се избегне поголемо воспалување на кожичката и незина иритација, па за крај наместо да ја триете неговата кожа со мека крпа нежно со тапкање избришете ја водата од неговото тело.
  • Нанесувајте му навлажнувачки лосион на телото повеќе пати во денот. Лосионоот препорачливо да е биде на база на алоевера и безвклучен алкохол.
  • Доколку има болки не му давајте никогаш аспирин, и пред да му дадете било каков лек прво консултирајте се со доктор.
  • Облекувајте го во лесна облека која нема да ја иритиран неговата кожа
  • Не го експонирајте на сонце детето што веќе има изгореници пред сосема да оздрави
    izzz 2Што не треба да правите во случај на изгореници кај вашето детенце?
  • Не му нанесувајте производи кои содржат петролеум. Тие предизвикуваат спречување на топлината и потта да се отстранат од телото со што предизвикуваат поголем ризик од изгореници
  • Не користете спрееви и лосиони кои користат benzocaine како составна компонента. Вenzocaine – от може да ја иритира кожата но и да предизвика појава на алергиска реакција.
  • Доколку му се појавата рани, лупење и плускавици на кожата не ги допирајте. Нивното отварање на веќе изиритираната кожа може да предизвика инфекција.
  • Доколку на детето му се појават водни плускавици не ги пукајте, оставете сами да се отстранат и намачкајте ги со анмтибиотичен спреј и облекувајте го детето сооблека која нема да остави влакненца на раничките.
  • Не отстранувајте ја со своите раце мртвата кожа од нивното тело, оставете сама да се излупи

Кога е потребно да се повика лекар?

Доктор се повикува кога детенцето добива црвенило или розевкаста боја и на возраст помала од 1 година.Можете и да не ја забележите изгореницата додека сте надвор и истата да се појави кога детето ќе го внесете дома. Црвенилата и болката можат да се појават и по неколку часа па дури и да се работи за изгореници од мал прв степен.

Повикајте го вашиот лекар доколку:

  1. Детето има појава на поликови со вода во првите 24 часа
  2. Има отоци на неговите раце и лице
  3. Има појава на инфекции
  4. Има температура или грозница пропартена со студенило
  5. Има главоболка
  6. Не се чувствува добро и изгледа како да има болкиж
  7. Повраќа, се онесвестува

Зошто изгорениците се сериозен проблем?

Изгореницата буквално претставува изгорена кожа. Кожата на децата и бебињата е многу деликатна па затоа гори и побрзо.

– Изгореницата  од прв степен што може да предизивика отекување, црвенило, и болки.Овој тип на изгореница е потребно да заздрави 2-5 дена.
-Изгореницата од втор степен е посериозна, се карактеризира со отекување, црвенило, пликови по телото и поозбилна за разлика од изгореницата од прв степен. Оваа изгореница трае една до 3 недели се додека не заздрави.

Доколку вашето дете е изложено подолго време на сонце покрај изгорениците еден од најголемите ризик фактори е тоа што може да добие топлотен удар

Како да го заштите вашето дете да не добие изгореници?

  • Децата можат да се изгорат на дирекна изложеност на сонце по 15 минути па дури и да се работи за поладен и облачен ден.
  • Децата е потребно доколку излегуваат надвор да се облекуваат во лесни светли маички во долги ракави, панталони, шапки и да им се нанесува крем за сончање неколку пати дневно.
  • Сончевата топлина е најкритична во периодите помеѓу 10-16 часот, па затоа избегнувајте во овој временски период движење во надворешната средина
  • Кожата на децата е потребно во текот на целото лето да се заштитува со крем за сончање со заштите фактор (минимален 15SPF) кој е потребно да се нанесува 15-30 мунити пред да се експонираат на сонце, за да се даде можност кремот да биде апсорбиран и да обезбеди максимална заштита.
  • Доколку детенцето се сонча на плажа нанесувајте му заштитна крема па макр и под сенка на секо 1.5-2 часа масивно по целото тело

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...