Почетна / Фитнес и аеробик / Изберете ги вежбите според Вашиот стил на живеење

Изберете ги вежбите според Вашиот стил на живеење

Не заборавајте дека физичката активност и редовното вежбање се многу битна за Вашето здравје, убав изглед, виталност … Па затоа потрудете се и најдете време за вежбање. Вреди да се потрудите, а ние ќе Ви поможеме во тоа со неколку предлози и корисни совети.

ПИЛАТЕС ЗА ПРЕЗАПОСЛЕНИ

Дома доаѓате по напорниот ден и уморени сте од работата. Во тој момент посакувате само да се фрлите во кревет и да се убаво одморите. Сепак, не бидете мрзливи, туку спакувајте ги опремата во торбата и одете во фитнес центар, на пилатес или јога. Ќе успеете да ги опустите мускулите и ќе се почувствувате поздраво и поубаво. Комбинирајте ги динамичните вежби и медитацијата и сигурно повеќе ќе ви одговара отколку да лежите во креветот.

Совет – доколку имате проблем со рбетот, пред да почнете со вежбите консултирајте се со доктор.

ЛИЧЕН ТРЕНЕР ЗА МРЗЛИВИТЕ

Најверојатно секој ден си зборувате себеси – од утре почнувам да тренирам, а тоа никако да се случи. Доколку не сте доволно мотивирани или мрзливи, најдобро ќе се вратете во форма ако вежбате со личен тренер. Така ќе имате обврска кон себеси, кон тренерот и кон сопственото тело.

Совет – Разновидните вежби со личниот тренер сигурно ќе ја засили Вашата желба да се занимавате со спорт. Обидете се!

АЕРОБИК ЗА ХИПЕРАКТИВНИ

Доколку не Ве држи местото и сек0огаш сте во движење, тогаш Ви препорачуваме сите врсти на аеробик. Направете комбинација на посилни кондициони вежби како што се степ – аероби или тренинзи со послаб интензитет во што спаѓаат вежби за истегнување и релаксација. На овој начин ќе ги активирате сите мускули, а потоа ќе можете да се одморите.

Совет – Не заборавајте да во текот на тренинг пиете вода. Пола литар вода за 30 минути вежбање ќе биде сосема доволно.

 

 

ТАЈ – БО ЗА ПРОСЕЧНО АКТИВНИ

Доколку сте просечно активни, најмногу би Ви одговарал тај – бо, врста на аеробик кој опфаќа и поедини елементи на боречки вештини. Тренирајте три пати неделно. Најбитно е да не прескокнувате часовите и да не правете големи паузи. Така ќе стекнете навики да вежбате и ќе бидете во форма.

Совет – Со тај – бо ќе ги затегнете мускулите и многу лесно ќе ги загубите прекумерните килограми

 

 

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...