Почетна / Совети за здравје / ИЗБАЛАНСИРАНА ИСХРАНА – пресудна за силен имунитет на Вашите деца!

ИЗБАЛАНСИРАНА ИСХРАНА – пресудна за силен имунитет на Вашите деца!

Стручњаците и медицинските лица истакнуваат дека со посебен вид на исхрана родителите можат да го зајакнат одбранбениот механизам на нивните деца од многубројните микроорганизми кои се главни предизвикувачи на заболувања.

Да се поминат студените зимски денови без настинка и грип е вистинско олеснување на родителите. Во тоа може да им помогне правилната и добро избалансирана исхрана, која е клучна за развој и одржување на имунолошкиот систем.

Одамна е познато дека нашето здравје зависи од имунитетот. Иако е тој условен од генетиката, влијанијата од животната средина, и начинот на исхраната исто така не треба да се занемаруваат. Како последица од силните и честите напади на имунолошкиот систем во наредниот период може да се јават настинките, грипот, температурата, дијарејата, повраќањето и други тегоби.

Доколку детето е подложно кон заболување, мора постапно да му се зајакнува имунитетот. Во тоа ќе Ви помогне избалансираната исхрана. Важно е на Вашите деца да им подготвувате што е можно по разновидна храна со доста овошје и зеленчук кое е богато со витамин Ц. Сок од портокал е еден од најхранливите овошни сокови, извонреден е извор на витамин Ц, калиум, фолат и тијамин. На детето треба да му се дава и тестенини, печиво и леб кои се добиени со мелењето на целото зрно. Значи интегрални намирници, затоа што во нив е задржана нутритивната вредност. Таквите намирници треба да се консумираат во утринските и попладневните часови а да се избегнуваат навечер поради намалената инсулинска осетливост – тоа е храна која треба да ги обезбеди дневните енергетски потреби.

Во исхраната би било пожелно да се воведат сите видови на риба поради богатството на рибиното масло и незаситените масни киселини. Туна, скуша, харинга, лосос, ослич и пастрмка би требало да бидат застапени во менито два пати неделно. Треба да обрнете внимание да ја намалите количината на едноличната храна која е богата со заситени масти или шеќери. На децата никако не треба да им се дава преработена храна и газираните пијалаци. Тие намирници имаат мала хранлива вредност и им го затвораат апетитот така да децата нема да можат да внесат друга храна, што доведува до слабеењето на имунитетот.

Што треба да воведете во исхраната на Вашите деца:

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...