Почетна / Рецепти / Италијански омлет со Бимилк Пекорино

Италијански омлет со Бимилк Пекорино

Вкусен оброк за чија подготовка ќе ви биде потребен мал труд и трошка кулинарска вештина … Италијански омлет со Бимилк Пекорино.
Состојки:
• 4 јајца, матени
• 25г Бимилк Пекорино, рендано
• 25г пиперки, сечени на ленти
• 25г феферони, сечкани
• 50г домати, сечкани (без семе)
• 50г бајат бел леб
• 1 млад кромид, сечкан
• Морска сол и бибер, по желба
• 25г путер
• 1 чешне лук, мелен
• Свежа зелена салата, за послужување
Инструкции:
1. Скршете ги јајцата и лесно изматете ги со вилушка. Зачинете ги со сол и бибер, додадете половина од Бимилк Пекориното и младиот кромид и добро измешајте ги.
2. Во огноотпорна тава растопете половина од путерот. Искршете го лебот на парчиња и ставете ги во тавата да се пржат на висока температура околу 2 – 3 минути, додека не добијат златно – кафеава боја и станат крцкави.
3. Потоа тргнете ја тавата настрана и намалете ја загреаноста на ринглата до средна температура. Додадете го остатокот путер и лукот во тавата. Откако маслото ќе почна да се пени, додајте ги матените јајца. Исклучете ја ринглата и пржете ги јајцата уште неколку минути. Додадете ги фефероните и насечканите пиперки, остатокот од Бимилкл Пекориното и уште неколку парченца леб.
4. Потоа вклучете ја ринглата на средна температура и пржете заедно уште 2 – 3 минути, додека во омлетот не почнат да се појавуваат меурчиња. Послужете веднаш со свежа зелена салата.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...