Почетна / Совети за здравје / Исхрана за време на Новогодишните и Божикните празници

Исхрана за време на Новогодишните и Божикните празници

Наскоро ни доаѓаат новогодишните празници со богати трпези … Често тие трпези се богати со масти, шеќери и намирници поради кои се лошо чувствуваме и додаваме премногу килограми. Без оглед на тоа каде одите, не е лесно да се одолее на искушението на посластиците и храната која се подготвува посебно за овој период на годината, а најверојатно не сакате ниту да го расипувате расположението и сакате да уживате во празниците.

Еве неколку совети како празниците да ги поминете со што е можно помалку килограми плус и грижа поради нездрави оброци.      

  • Основниот совет во врска со храната во времето на новогодишните празници е умереноста. За празничната трпеза би требало да се сетите дека преобилните оброци доведуваат до непотребно оптоварување на органите за варење, но и на целокупниот човечки организам. Ова секако не значи дека треба да гладувате, туку да не претерувате!
  • Бидете свесни за храната која е околу Вас и вкусните јадења кои не влечат на прејадување. Било да е во прашање вкусна торта, шведска маса, домашни сарми и печено месо, сетете се по кој пат го полните тањирот.
  • Полека џвакајте го секој залак и почекајте храната да се слегне, пред да се одлучите да продолжите со јадењето.
  • Бидејќи маркетите се преполни со примамливи намирници, најдобро е да се држите до однапред подготвената листа и во кошничката да ставате само она што навистина Ви е потребно.
  • Доколку порано сте купиле или направиле високо калорични десерти, тргнете ги подалеку од себе до празничната вечер, како би избегнале попатно собирање на калории.
  • Нормално е да се частите самите себеси за време на празниците со храна која Ви одговара, а не е баш по желба на нутриционистите. Битно е да тие навики не ги повторувате често и да празниците не бидат оправдување за вишокот на килограмите.
  • Не е лесно да вежбате за време на празниците, посебно уз многубројните обврски и подготовки околу претстојните празници. Користењето на скали наместо лифт или прошетки ќе Ви помогнат колку толку да ја одржите формата.

 

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...