Почетна / Рецепти / Интегрални тестенини со сос од зеленчук

Интегрални тестенини со сос од зеленчук

Одличен рецепт со интегрални тестенини со песто од зеленчук.
Веруваме ќе уживате во овој одличен оброк со јаглехидрати (тестенини) зачинет со омилените неутрални намирници.

Потребни намирници:
– ќесичка интегрални тестенини
– кромид
– чешне лук
– брокула
– авокадо
– свежи печурки
– зачини (хималајска сол, црн бибер, малку куркума)

Тестенините се варат во вода со малку сол, се процедуваат со ладна вода.
Песто се прави од следните бленддирани состојки:
– малку обарена на пареа брокула;
– авокадо;
– ситно исецкан кромид;
– потпржени ситно исецкани печурки;
– зачини;

Пестото се додава во тава на една лажица маслиново масло и се додаваат тестенините, убаво се се промешува за да се добие конзистентна смеса и се готви 2- 3 минути.
За подобар вкус додадете половина лажица ситно изрендан пармезан откаако ќе ги послужите топли тестенините.

На здравје!

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...