Почетна / Совети за здравје / ИНТЕГРАЛИТО ПЕЧИВО И ИНТЕГРАЛНИТЕ ЖИТАРКИ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЗА УТРИНСКИОТ ПОЈАДОК !

ИНТЕГРАЛИТО ПЕЧИВО И ИНТЕГРАЛНИТЕ ЖИТАРКИ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЗА УТРИНСКИОТ ПОЈАДОК !

Брзото темпо и модерниот начин на  живеење носат со себе и негативни работи кои лошо се рефлектира на здравјето. Се повеќе се случува да јадеме нездрава и премногу мрсна храна која нема никакви хранливи вредности . Еден од проблемите на ова нездрава храна е таа што е вкусна.  Но цената која ја плаќаме по долгогодишното консумирање на ваква храна е нарушеното здравје и несакани заболувања.  Нездрава храна е полна е со адитиви, масти, вештачки зачини, шеќер … Време е да преземете нешто по ова прашање и да почнете Ви и Вашето семејство да се храните здраво!

povekje-slika
„Био Комерц“ Струмица

Обично се случува да наутро бидејќи се брзаме за на работа да го прескокниме утринскиот појадок. Тоа е голема грешка. Доколку не можете да стигнете да појадувате пред  да заминете на работа, задолжително земете интеграно печиво или интегралните житарки. Изборот е голем а ние Ви препорачуваме оние житарки без додаток на шеќер. Житарките ќе Ве заситат и ќе Ви дадат потребна енергија.

Интегралните житарки, интегрален леб и  интегралните печива би требало да биде составен дел од секој утрински појадок. Житарките се важен извор на јаглени хидрати што ги прави да бидат важен извор на енергија. Во исхраната секогаш се преферираат интегралните житарки бидејќи тие не го имаат поминато процесот на обработка (рафинирање) а со самото тоа и нивната нутритина вредност е сочувана. Така интегралните житарки ги красат завидна содржина на прехрамбени влакна – растопливи и нерастопливи – кои се во врска со подобрување на здравјето. Интегралните житарки се вреден извор на витамин Е и витамини од групата на Б комплексот кои се потребни за добивање на потребната енергија. Од минералите во значително количество се наога бакарот, железото, магнезиумот и фосфорот. Важните фитохемикалии кои се присутни во зитарките ја вклучуваат и фенолната киселина и лигнини – тоа се фитоестрогени кои се доведуваат во позитивна врска со здравјето на срцето.

Проверете и

Јагодите се убавина и здравје

Јагоди – здравствени придобивки Јагодите се богати со витамин Ц, каротен, фолна киселина и железо. ...