Почетна / Здравје и исхрана / Индиски орев како антисептик, диуретик…

Индиски орев како антисептик, диуретик…

Индискиот орев е извонредно корисна намирница која во нашата исхрана не се користи доволно.    

Научниците докажале дека индискиот орев, благотворно делува на воспаленијата, има својство на антисептик, диуретик, како и да делува добро во војната против бактериите.

Со консумирањето на овој орев можете да го намалите кашлањето, да го намалите високиот крвен притисок и шеќерот во крвта. Ги чисти цревата, а делува и како афродизијак.

Нутриционистите истакнуваат дека индискиот орев има повеќе витамин Ц од портокалот и се препорачува да се додава во салатите од свеж зеленчук наместо масло.

Индискиот орев потекнува од Бразил, но денес најмногу се произведува во Индија (по што се познати како ″индиски″ ореви).Индискиот орев не е јатка туку семка од cashewјаболко – плод на индискиот орев. За разлика од јаболкотоcashew, семето на овој плод – индиски орев – е познат во целиот свет поради неговиот вкус и здравствените придобивки.

Во Индија, индиските оревчиња се незаменлив деликатес во традиционалните десерти (посебно во подготовката на пудингот од ориз-kheer и алва), декорациите на десертите, поклон за време на фестивалот и склопување на бракот ( традиционално, семејството на младоженецот и подарува на невестата пет видови на сувото овошје, помеѓу кои е и индискиот орев задолжителен).

Burfi (традиционален десерт од млеко) од индискиот орев (kaju-burfi) еден е од најскапите и најценетите благи десерти кои можете на некој да му подарите на поклон ( во Индија е обичај да се при секоја посета во домот во која се оди да се подари кутија со слатки на поклон).

За разлика од други јатки, индискиот орев е мек и со благ вкус. Освен во десертите, дава одличен вкус и на солените јадења ( на пример јадења со ориз, кус кус, салати… )

Кај нас е популарен како грицка, но како таков (пресолен и препржен) не дава многу хранливи материи. Најдобро е да се консумира суров, сварен во млеко или лесно препржен. Сомелен индиски орев дава густина и арома на јадењата. Од индискиот орев можете да подготвите вегетаријански мајонез (кој е поздрав од индустрискиот мајонез од јајца) или путер ( кој лесно може да се подготви дома, а здрава е замена за кравји путер).

Индискиот орев е хранлива и здрава намирница, која донесува многу придобивки на здравјето. Содржи пет пати повеќе витамин Ц отколку портокал, витамин Е, магнезиум, селен, калиум, белковини и влакна. Две третини од маснотиите во индискиот орев се незаситени масни киселини. Две третини од тие незаситени масни киселини ја сочинува олеинската киселина, која е позната по благотворното влијание врз здравјето на срцето.

Индискиот орев, содржи калиум, па е идеален за личности кои имаат повишен крвен притисок. Поради високата содржина на селен и други антиоксиданси, го намалува ризикот од настанување на рак. Индиските оревчиња содржат цинк, кои го зајакнуваат имуниот систем и помагаат во војната против инфекции. Содржат високи количини на магнезиум, кој е неопходен за здравјето на срцето, мускулите и нервниот систем. Индискиот орев исто така го чува здравјето на забите (ги уништува бактериите кои предизвикуваат кариес).

Доволни се причините да веќе од денес индиските оревчиња станат неизоставен дел од вашиот мени, десерти, салати или да со мал сад со индиските оревчиња ги замените и не толку здравите благи.

 

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...