Почетна / Здравје и исхрана / Индиска зимска супа

Индиска зимска супа

Дали сте испробале индиска храна?

Денес ве водиме во дел од светот на индиската храна…
Една од причините поради која Индијците како и Азијците се долговечни е поради тоа што консумираат многу зеленчук во својата исхрана, консумираат мали порции оброци, храната ја подготвуваат на традиционалниот стариснки начин на подготовка и не консумираат многу преработени производи.
Индиската кујна содржи доста зачини меѓу кои најпозната е куркумата и карито кое ја добива својата боја токму од оваа билка. Зачинот се верува дека е силен антиоксиданс кој Индијците секојдневно го консумираат а тоа се верува дека е и причината Индија да е една од земјите каде ризикот од заболување од малигни заболувања е сведен на мали проценти за разлика од Западното општество.

Поради овие причини се решивме да подготвиме индиска супа и со вас да го споделиме рецептот:

Потребни состојки за овој рецепт се:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 голем ситно исецкан кромид
  • 1 лажица ситно исецкан ѓумбир
  • 1 чешне лук ситно исецкано
  • 1 лажица куркума
  • 850ml вода во која претходно раствараме зеленчукова супа
  • 2 големи на покрупни исецкани парчиња моркови
  • 400g наут претходно обарен
  • 100g боранија претходно обарена околу 10тина и исцедена од првата вода
  • сол и црн бибер


Подготовка:

Стоплете го маслото во тенџере со средна големина, додадете го кромидот, па откако ќе добие златникава бооја додадете ѓумбир и лук. Додадете ги морковите и куркумата. Додадете ја супата и додадете малку хималајска сол и црн бибер. Содржината се варри околу 10 минути па потоа се додава наутот и боранијата.
Се вари до  10минути.
Супата  може и да се пасира со рачен блендер.
Зачинете со свежо кромидче или ситно исецкан магдонос и додадете малку исцеден лимон.
Оваа супа е одлична за зимскиот париод затоа што не само што добро ќе ве најаде и ќе ве направи сити , богата со здрави и хранливи намирници.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...