Почетна / Совети за здравје / Импланти и имплантирање

Импланти и имплантирање

На оваа тема пишува Спец. Д-р Тодор Стаменковски специјалист по орална хирургија и имплантологија во Полиликлиника НЕУРОМЕДИКА.

Оралната импалнтологија е дисциплина која се занимава со всадување импланти (вештачки заместители ) во вилиците се со цел да се надоместат изгубените заби, а со тоа да се подобри естетиката и функционалноста на пациентот. Имплантите се направени од високо квалитетен титаниум кој не предизвикува никакви алергиски реакции и е биокомпатибилен со човечката коска така да лесно се остеоинтегрира во неа. Постапката за нивно поставување се изведува во операциона сала , во стерилни услови со локална анестезија и самата процедура е безболна.

Пред да се постави имплантот пациентот се запознава со начинот на постава на имплантот, потполнува прашалник за општата здравствена состојба ( кај пушачи, кај пациенти што консумираат алкохол, дијабетичари , чкртање со заби – бруксизам, прво треба да се реши проблемот со лошите навики и здравствените проблеми па потоа да се продолжи со постапката за имплантирање со потпишување на согласност од страна на пациентот.

neuromedika logo new

Кај пациентот прво се прават РТГ снимки – панорамикс или КТ – компјутерска томографија, квалитет и квантитет на коска, сите анатомски структури па потоа се прави студио модел со шаблона на која се позиционираат имплантите одредувајќи ја нивната ширина и должина.

Доколку пациентот се реши за поставување на имплант се преминува на:

Фаза I – поставување на имплантот во коска се изведува со најразлични дрилови (борери) кои го прават лежиштето на имплантот со континуирано ладење со физиолошки раствор се со цел да не дојде до загревање на коската и појава на perimplantit (воспаление на коската околу самиот имплант), негово расклатување, а со тоа и губење на самиот имплант.

Фаза II – после операцијата на пациентот му се препишуваат антибиотици (7 дена), се аплицира локално (кортикостероид) околу самото оперативно поле за да се редуцира отокот и болката, земање на аналгетици и ставање ладни облоги.

Остеоинтегрирањето (сраснувањето) на имплантот со коската е анкилотично и трае 2-3 месеци во долна вилица и 4-6 месеци во горна вилица.

Фаза III –  после времето на остеоинтеграција , имплантот се отвара и се поставува надоградба (абадмент) врз која се прави протетска конструкција (фиксна и мобилна).

Најважно во успешноста на имплантот е одржување на добра орална хигиена, посета на стоматолог 2-3 пати годишно да се исчисти забниот плак, да се обработат меките ткива околу самиот имплант ќе се допринесе за долготрајно користење на протетско решение, а со тоа и подобрување на квалитетот на животот на пациентот.

Спец. Д-р Тодор Стаменковски е дел од врвниот тим на Поликлиника Неуромедика. Неуромедика е прва приватна поликлиника во Р.Македонија која успешно работи веќе 23 години. Таа им овозможува примарна и секундарна здравствена заштита на своите пациенти во своите 7 поликлиники. Поликлиничко-дијагностичката дејност е лоцирана на две локации во Скопје (Центар и Влае), Битола, Тетово, Куманово, Штип и во Кукуш-Грција со ординации од општа пракса и специјалисти од сите области. Неуромедика има повеќе од 100 вработени лица со високо стручна подготовка: лекари специјалисти и супспецијалисти од различни области, лекари општа пракса, медицински сестри, менаџерски тим и дополнителна администрација.

Спец. Д-р Тодор Стаменковски

Специјалист по орална хирургија и имплантологија

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

02/3 133-313

http://www.neuromedica.com.mk/

https://www.facebook.com/PZUNeuromedica

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...