Почетна / Здравје и исхрана / Идеален сос зa секаков вид на крекери

Идеален сос зa секаков вид на крекери

Едноставна и брза подготовка…а задоволството е загарантирано.

Идеален вкус во комбинација со Вашите најомилени крекери.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

100 милилитри пиво

250 грама крем сир

100 грама рендан кашкавал

1 лажица магдонос

1/2 лажиче лук во прав

1/2 лажиче зачин

1/2 лажиче сол

1/2 лажиче бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во помал сад крем сирот зачинете го со зачинет.

Потоа додадете ги останатите намириници и измешајте за да добиете добиете хомогена смеса. (Нема да згрешите доколку го додадете и Вашиот омилен зачин, оригано, рузмарин, босилек, мајчина душичка, црвен пипер…)

Доколку добиениот сос е премногу густ тогаш додадете пиво а доколку е редок додадете крем сир.

Вака подготвениот сос, оставете го фрижидер да отстои околу 3 часа.

Сервирајте го сосот со вашите омилени грицки.

Уживајте!!!

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...