Почетна / Здравје и исхрана / Хроно диета : рецепт за мафини со ајвар

Хроно диета : рецепт за мафини со ајвар

Доколку сте и вие на најновата хроно диета која направи БУМ во нашата држава но и на Балканот и се чини дека сите каде и да се свртиме околу нас ја споменуваат тогаш добро е да знаете дека на Хроно може и гурмански да се храните.
Еве еден одличен рецепт во соработка со нашите пријатели Випро.

Секое утро може да уживате во хроно пецива.
Свежи и извадени од рерна испечени за само 15 минути. 


Состојки зза 12 мафини:

– 4 јајца
– комбинација на брашно по желба
– 160ml маслиново масло
– 5 лажици ајвар од Випро
– оригано
– 1 пециво
–  1/2 лажици сол
– семиња во вкус

Подготовка:

Со миксер добро изматете ги белките прво па потоа додадете ги и жолчките. Додадете масло и лажица по лаица од брашното претходно измешано со сол и пециво. Доволно е да се стават околу 12 лаживи брашно. На крај се додава ајварот и ориганото.

Се пече 15 минути на температура од 200°C.

Уживајте во вашиот хроно и вегетаријански оброк!

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...