Почетна / Активен живот / ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

На сите православни верници им го честитаме најголемиот христијански празник Велигден – Христос воскресе!

На ден Велигден верниците се поздравуваат со поздравот ῎Христос воскресе῎ – ῎Навистина Воскресе!῎ Јајцата како симбол на животот се бојат најчесто во црвена боја.

Овој ден во црквата се слави како ден на радоста, ден кога Христос ја победил смртта. Велигден е најголем празник во годината.

КАКО СЕ ПОЧНАЛО?

После мачењето и убиството Исус Христос бил погребен во пештерата која била затворена со огромен камен. Римските стражари го чувале влезот од гробницата, стравувајќи дека христијаните би можеле да го земат телото на Исус Христос. По обичајот, во недела во рани зори жените предводени со Марија Магдалена дојдоа да го помазат телото на Христос со мисиси и миро.

На влезот од гробницата затекнале тргнат камен и војници кои спијат. Телото на Христос не било во гробницата. На плочата каде што лежело телото на Христос затекнаа човек во блескава одора. Тоа бил ангел кој ги прашал: ῎Што го барате живиот меѓу мртвите῎. Жените ова радосна вест за Воскреснувањето веднаш им ја пренесле на апостолите. Ниту тие не им верувале. После Христовото јавување на апостолите вистината за Христовото воскреснување полека почнува да се шири.

КАКО ПОЧНАЛ ДА СЕ СЛАВИ ВЕЛИГДЕН?

Првите почетоци за славењето на Велигден датираат од вториот век на новата ера. Велигден е продолжение на славењето на Пасха, најголем еврејски празник, со кој се слави споменот на ослободувањето на Евреите од египетското ропство.

Првите христијани со еврејско потекло продолжија да ја прославуваат Пасха, во првата полна месечина после пролетната рамнодневица. Овој празник е поради тоа подвижен и најрано може да се ( по новиот календар ) слави на 4. Април, а најдоцна на 8. Мај. Се претпоставува дека поради подвижноста не е богат со обичаи како на пример Божик, а најголем дел од обичаите е тесно поврзан со црковното учење и пракса.

ЈАЈЦЕ

Централното место во празнувањето на Велигден му припаѓа на јајцето – неговото боење, чукањето и ритуалното јадење. Во митологијата на голем број на древните народи јајцето има големо значење. Јајцето се спомнува во митовите за создавањето на светот и фигурира како извор на животот, и се што постои. Митот за настанувањето на светот од јајцето познат бил и на Феничаните, Вавилонците, Египќаните, , Индусите, Кинезите, Јапонците. Самиот чин на боењето на јајцата првиот пат се спомнува во 17. Век.

Црвените Велигденски јајца, меѓу народот се користени и во магијата на плодноста и заштита на луѓето. Постоел обичај да се рано наутро на Велигден сите членови на семејството да ги пробаат велигденските јајца, како би биле здрави во текот на цела година. Посебно на цена било боено јајце. И ден денес децата со јајцето се тријат по образите за да бидат здрави и румени.

Во минатото црвената боја беше доминантна боја во боењето на велигденските јајца, а црвените јајца и сега се симбол за Велигден.

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...