Почетна / Здравје и исхрана / Храна за во трето доба

Храна за во трето доба

Остеопороза, тумори, тромбоза, инфаркт се само некои од заболувања кои можат да се избегнат или барем одложат со правилната и здрава храна. Нутриционистите истакнуваат дека тајната на исхраната на постарите луѓе се наоѓа во менито кој содржи витамини, минерали, незаситени масни киселини, целулоза и протеини. Овие волшебни состојки за виталност и долговечност треба да се најдат секојдневно на рпезата, минимум во еден од три оброци во текот на денот.

Три порции зеленчук секој ден

Докторите, нутриционистите и другите стручни лица од оваа област препорачуваат да се најде на трпезата две до три порции свеж зеленчук, житарки, млеко и млечните производи, ориз, тестенини и овошје по избор.

Во текот на неделата само два јајца

Дури и оние кои имаат покачен холестерол дозволено им е да изедат два јајца неделно. Докторите тврдат да во таа количина не можат да му наштетат на организмот.

Скуша, пастрмка, туна, сардини …

Нутриционистите советуваат на постарата популација да три пати во неделата јадат риба, посебно туна, пастрмка, харинга, скуша, сардини … Рибите се неисцрпен извор на омега 6 и омега 3 масни киселини, кои се вистински борци во борбата против болестите на срцето.

Два пати неделно мешунки

На организмот му одговара мешунките, а како идеална мерка се препорачува грав, леќа, грашок, боранија. Овие мешунки го снабдуваат организмот со високо квалитетни протеини.

Месо четири пати неделно

Бело месо е голем извор на протеини, витамини и минерали. Умереното консумирање месо позитивно поради внесувањето на железо, протеини со висока биолошка вредност и витамини од  Б групата. Внимавајте кога јадете црвено месо бидејќи е тоа помрсно од другите меса.

Монозаситени масти

Присуството на мастите до 20 проценти во нормалната исхрана не само да не е штетно, туку е корисно за транспорт на корисните материи во крвта. Поред количеството, многу е важен и квалитетот на мастите – истакнуваат нутриционистите. Во монозаситени масти спаѓаат: маслинки, кикиритки, авокадо. Ефикасни се во борбата против срцевите болести или рак.

Полизаситени масти

Омега 6 масни киселини ( масла од семките ) потребни се на организмот во мали количества и подобро е да не се претерува со нивната употреба. Омега 3 масни киселини ( риба, лан ) се вистински пријатели на човечкиот организам бидејќи го запираат создавањето и развој на канцерогени клетки.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...