Почетна / Здравје и исхрана / Храна за мозок – со исхрана до подобра концентрација

Храна за мозок – со исхрана до подобра концентрација

Сите оние кои долго време поминуваат пред компјутер, учат и секојдневно примат голем број на информации, чувствуваат барем еднаш во текот на денот “паѓање на системот” и губење на концентрацијата. Освен физичка, и засилена психичка активност бара поголемо трошење на енергија, па не е чудно кога нашиот мозок секојдневно копнее за гориво. Според зборовите на стручњаците, одличен извор на енергија за мозочната активност е сувото овошје. Поради низок гликемиски индекс, сувите смокви и кајсии се најдобар извор. Организмот добива брзо енергија, а не доаѓа до зголемување на нивото на шеќер во крвта. Додека се занимавате со интелектуалната работа, треба да ги избегнувате благите работи, бидејќи со нивното внесување во мозокот настануваат протеогликани кои имаат негативен ефект на мозочната активност.

“Интелигентните” масти

Човечкиот мозок се состои од 60 проценти маст и затоа маста преставува основна градежна компонента. За правилната функција на мозокот најважни се есенцијалните масти ( омега-3 и омега-6 ) како и фосфолипиди, таканаречени интелигентни маст. На организмот секојдневно треба да се обезбеди и доволно количество на протеини и аминокиселини кои се наоѓаат во месото и јајцата.

Ланеното семе и масло, семките од тиква и ореви одличен се извор на омега-3 масни киселини, додека сусамот, ладно цедено сончогледово масло и масло од пченкарните никулци обилува со омега-6 масни киселини. Лецитинот е богат со фосфолипиди. Една супена лажица со лецитин во склопот на утринскиот појадок со житарки ќе ги задоволи дневните потреби. За да не бидат оптеретени органите за варење и за да не дојде до уобичајниот пад на енергија после утринскиот појадок или вечера, месото и јајцата треба да се комбинира со што повеќе зеленчук кое нема висок процент на јаглени хидрати.

Учење со чај

Витамините и минералите овозможуваат подобра концентрација и долгорочно помнење. Најбитни се витамини Б-комплекс ( црвеното месо и житарки од целото зрно ) витамин Ц (свежо овошје и цитруси ) и минералите: магнезиум, манган, цинк ( јатките и семките ). Во процесот на учење треба да се пијат чаеви, бидејќи содржат алкалоиди кои имаат стимулативен ефект на нервниот систем. Лош избор се енергетски пијалаци, кафе, овошни сирупи, сок со додаток на шеќер и алкохол.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...