Почетна / Совети за здравје / Храна за добро утро, добар ден и добро расположение!

Храна за добро утро, добар ден и добро расположение!

Нутриционистите потврдуваат дека медот го намалува менталниот умор, посебно ако се зема во комбинација со грејпфрут или лимон. Добро е наутро, веднаш по разбудувањето да се земе лажица мед, задолжително доколку се подготвувате за тежок и напорен работен ден.

Мед во чајот од маточина ја намалува напнатоста и ја зголемува концентрацијата, а и корисно е против несоница доколку се зема со валеријана, или со чај од маточина. Не мора да паметите како што делува, туку е битно да земате наутро мед и со мед на пример полен кој го намалува психичкиот умор, ја зголемува концентрацијата, поттикнува пријатно расположение и ја забрзува циркулацијата. Поленот е како допинг за нашето тело и ги поттикнува менталните процеси и затоа би било подобро да консумирате полен отколку утринско кафе.

Јаболкo – храна за мозок

Јаболкото поради незиниот состав и фосфати кои ги содржи е прогласена за најдобра храна за мозок. Доколку некој сака мозокот да му работи добро, најдобро е да за утрински појадок поред храната која вообичаено ја јади, да изеде уште две јаболка, и за вечера уште две.

Бадеми за подобра концентрација

Бадемите исто така делуваат на менталните процеси. Ја зголемува концентрацијата и помнењето, стимулира правилното работење на мозокот и поттикнува пријатното расположение. Посебно се препорачува на студентите и на децата поради интелектуалните и менталните активности.

Кантарион против тага

Билката која ја стимулира синтезата на сератонинот и така намалува тажното расположение, стравот и напнатоста е кантарионот. Воочено е дека го регулира пореметување на сонот кога некој ќе излезе од ритамот на ден и ноќ. Затоа би требало оние кои работат ноќе да пијат кантарион во облик на таблети или чај бидејќи ќе им врати ритамот на ден и ноќ.

ЗА ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ

Зелена салата – благодарение на фолната киселина го подобрува помнењето и го подобрува расположението.

Јогурт, млеко и сирење – посебно кај девојчињата и кај помлади жени создава чувство на среќа. Млечните производи даваат калциум, кој ја намалува промената на расположението кој настанува поради пред менструални синдром. Научните студии покажаа дека кога жените со консумирањето на млечните производи дневно внесуваат 1 200 милиграми калциум, можат побрзо и подобро да совладаат напнатоста и нерасположението.

Банани – поправаат расположение бидејќи јаглените хидрати, фруктоза, гликоза и билната верзија на сератонин ја поттикнува изградбата сератонин во организмот. Освен тоа, овошјето го одржува нивото на шеќер во крвта на константен ниво во наредните неколку часа, што доведува до будноста и добро расположение.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...