Почетна / Совети за здравје / Храна која смирува

Храна која смирува

По напорниот работен ден, смирување можете да најдете во здравата храна која на Вашиот организам ќе даде неопходни витамини и минерали. Овошје, јатките, портокал – се фантастични сојузници во борба против стресот.

Благите посластици, се секако најголема опасност. Меѓутоа, по јадење на едно мало чоколатце, шеќерот во крвта веднаш скока, но исто така нагло и паѓа, а во истиот момент се ослободува хормонот на стрес. Поради тоа се чувствувате уште полошо. Храна која смирува сепак постои, и што е најдобро, навистина делува.

Шумско овошје – наместо да се прејадувате со чоколадни бомбоно, јадете боровинки, брусница, рибизли, малини, јаготки … Јаглените хидрати во шумското овошје имаат низок гликемиски индекс, па се шеќер во крвта зголемува многу бавно. На тој начин ќе избегнете промените на расположението. Освен тоа, ваквото овошје е богато со витамин Ц, кои е совршен сојузник во борбата со стресот.

Јатките – Само една рака суво овошје може да ви го надомести дневната потреба за витамините Б комплекс ( ореви ), цинк ( бразилски ореви ), витамин Е ( бадеми )кои помагаат во борбата со оштетените клетки кои се тесно поврзани со хроничниот стрес. Избегнувајте ги засолените ореви и бадеми или оние кои се пржени во масло. Дури не исчистените јатки можат да Ви поможат да се решите од негативната енергија и тоа со чукањето со кујнскиот чекан секој пат кога ќе посакате да ги исчистите.

Портокал – луѓе кои дневно внесуваат илјада милиграми витамин Ц имаат помало ниво хормон кортизол, како и понизок крвен притисок од оние кои тоа не го прават. Затоа се препорачува да изедете еден портокал дневно. Освен што во организмот ќе внесете доволно количество на витамин Ц, намалете крвен притисок и нивото на кортизол ( хормонот на стрес ). Одличен е за зајакнување на имунитетот, па е најдобро и на работа имате еден портокал кои ќе Ве спаси во кризните ситуации.

Црна чоколада – иако не е научно докажано да чоколадата го намалува стресот, во стесните ситуации сепак најчесто утехата ја бараме во чоколадото. Наместо млечна изберете темно чоколадо која има 70 % какао. Црното чоколадо, е богато со флавоноиди, антиоксиданси из плодот на какао, го намалува крвниот притисок без последица на телесната тежина.

Сувите кајсии – магнезиумот моментално одлично ќе ги опушти мускулите, а неговото делување ќе го намали нивото на стрес на кој се секојдневно изложени. Најдобра храна со која можете да се почестете по долгиот состанок или стресен телефонски разговор е сувата кајсија.

Мисирка – триптофон од мисирката поттикнува ослободување на сератонинот, кој одлично делува на смирување на организмот. Затоа за време на пауза за ручек почестете се со месо од мисирка и полесно ќе се справите со стресот кои Ве очекува по враќањето на работа.

Спанаќ и зелениот зеленчук – спанаќот е богат со магнезиум, а само една порција спанаќ ќе Ви ја намали главоболката и чувството на слабост. Зелениот зеленчук, посебно брокулата, богата е со витамини и помага во обновувањето на организмот кој претрпел стрес.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...