Почетна / Совети за здравје / Храна која предизвикува кариес

Храна која предизвикува кариес

Нашето лице најмногу го краси насмевката. А за да имаме убава насмевка мора да имаме здрави заби. Сепак, колку и да се трудиме, не е лесно да ги сочуваме забите здрави, а посебно од кариес. Оваа најчеста болест на забите најчесто е предизвикана од храна која во себе содржи сахароза. Тоа се слатките, разните теста, мед… а најопасни се желе бомбоните.

smile3

Најновите истражувања: Сепак, колината на шеќер во некои намирници не е прва причина за да се добие кариес. Имено, откриено е дека времето на храната во устата е одлучувачко бидејќи шеќерот во тоа време е залепен за забите. Тоа значи колку подолго, толку веројатноста за кариес е поголема.

Со други зборови, амидонот кој се наоѓа во лебот, колачите и житарките, шеќер кој по својата природа треба да предизвикува помалку кариес отколку сахарозата, тој останува подолго во устата и се покажува агресивно.

Ако јадете доста намирници богати со амидон, јадете ги со млечни производи, зошто калциумот ги зајакнува забите. Така јадете леб со сирење, а житарки со млеко.

Желатинот задржува бактерии: Кариесот најмногу го предизвикуваат желе бонбоните, кои се лепат за забите, ги задржуваат бактериите одредено време и создаваат идеална средина за размножување и припрема за напад. Ако не можете да одолеете, земете слатко без желатин, или уште подобро коцка црно чоколадо.

И чајот може да содржи шеќер и да предизвика лачење на киселина во устата со што започнувапроцесот на деминерализација, а тоа е првиот чекор на создавање кариес.

Тоа значи дека грицките, јаболкото (фруктоза(шеќер) киселина) па дури и засладените чаеви, претставуваат закана за вашите заби. Заради тоа, најдобро ќе биде да пробате да се ограничите, и помалку да конзумирате од овие намирници.

Редовно јадете цврсти намирници: Тие ги разработуваат мускулните на вилицата, нивното движење, го подобруваат џвакањето и го зголемуваат лачењето на плунка. Плунката ги штити забите, ги чисти и ја намалува киселоста во устата.

Резултатот е очигледен и корисен: одлучете се за бифтек наместо за плескавица. Измеѓу овошје и компот, без разлика на неговиот мирис и сласт, изберете свежо овошје.

Обавезно џвакајте гума без шеќер после оброк, ако не сте во можност да ги измиете забите. Хигиената на забите никако не смеете да ја заборавите и запоставите. Наместо десерт јадете сирење. Додека многу намирници ја зголемуваат веројатноста од карис , сирењето ја намалува киселоста во устата и го неутрализира штетното дејство од намирниците. Сирењето е идеално за крај на оброкот под услов да немате повишен холестерол. Тоа е богато со калциум и фосфор и го зголемува заштитното дејство на плунката.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...