Почетна / Совети за здравје / ХРАНА КОЈА ЌЕ ГО СМИРИ ВАШЕТО ХИПЕРАКТИВНО ДЕТЕ

ХРАНА КОЈА ЌЕ ГО СМИРИ ВАШЕТО ХИПЕРАКТИВНО ДЕТЕ

Храната која ја јадат Вашите деца влијае на нивниот раст и развој. Меѓутоа храната влијае и на нивното однесување! Дознајте кои храна делува смирувачки на Вашето дете.

Научните истражувања утврдиле дека постои поврзаност помеѓу лошата исхрана со пореметувањето во однесувањето, па дури и со помалиот коефициент на интелигенција и лоши резултати во училиште. Од сите органи во телото мозокот е најмногу осетлив и нај деликатен во смисла на прехранбените потреби. Затоа е важно да му се обезбеди стабилно снабдување на шеќер во крвта и неопходни аминокиселини, витамини, минерали и есенцијални масни киселини.

Кај децата кои редовно јадат храна со висок ниво на шеќер или рафинирани јаглени хидрати – како што е белиот оризи белото брашно, односно производи од кои може да дојде до паѓањето на глукоза(шеќер) во крвта, обично влијаат на нивното расположение. Такви намирници можат да предизвикаат ослободување на хормонот на стрес како што е адреналин и кортизол. Тие хормони ги прават децата да бидат нервозни, вознемирени, немирни, тешко ги контролираат чувствата или имаат некое пореметување во однесувањето.

Заменете ја фабричката храна со природна

Прехранбените адитиви – посебно вештачките бои и засладувачи го прави нашиот нервен систем да биде премногу активен. Аспартам (Е 951) може да предизвика главоболка, вртоглавица и замаглување на видот, додека сахаринот (Е 954) лошо влијае на хиперактивност кај децата. Моносодијум глутамат (МСГ) или засилувач на вкусот штетно делува на мозокот, предизвикува главоболка, хиперактивност, хроничен умор, промени на крвниот притисок, пореметувањето на ендокринот систем, дебелеење, алергиски реакции, пореметено на работењето на хормоните.

Затоа е важно децата да ги избегнуваат фабричко направена храна или барем да се намали нивното консумирање. Наспроти ова храна природната храна делува смирувачки на нервниот систем, посебно намирници кои во себе содржат калциум (зелен лиснат зеленчук, млечните производи), магнезиум (банани) и цинк (јатки и различни семки). Овие минерали ја смируваат надбубрежната жлезда, го намалуваат покачениот крвен притисок, ја намалуваат напнатоста на мускулите и ја спречуваат несоницата – а сето ова наведено влијае на опаѓањето на нивото на кортизол (хормон на стресот).

Храна која делува смирувачки на децата

Свеж зеленчук  

Најдобро е сурово и тоа ситно исечкано, бидејќи децата така повеќе преферираат да го јадат: стапчиња од морков и целер, пиперка сечена на траки, цветчиња броколи или карфиол.

Свежо замрзнато или суво овошје

Послужете го овошјето сечено на интересен начин – на пример, направете палма од банана и киви со додаток на перчиња мандарини. Или направете здрав овошен парфе – редете наизменично слоеви на овошје, густ не мрсен јогурт и житарки (мусли).

Јатки и семки  

Витаминот Б6 кој се наоѓа во јатките ја намалува нервозата, депресијата, уморот и позитивно делува на промените на расположението. Одлични се и печените семки сончоглед и тиква, како и сојата, бидејќи се преполни со протеини и диетални влакна, кои помагаат во регулација на гликозата во крвта (пожелно е сојата да биде органски одгледувана).

Јогурт со здрави додатоци    

Јогуртот е богат со протеини и калциум, и затоа е значаен за изградба на коските, забите, крвотокот, нервниот и мускулниот систем.

Послужете го детето со јогурт во комбинација домашен сок од вишна или малина или со свежо блендирано овошје – по потреба додадете малку мед. Предупредување:деца до нивната на втора година мора да консумираат полномасно млеко и млечни производи.

Здрави житарки 

Одличен избор се овесни снегулки, кои можат да се користат во кашите, супите, лебот и посластиците. Во комбинација со семките, сувото овошје, никулците – енергетски се силен утрински појадок.

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...