Почетна / Совети за здравје / Храна која ќе го смири осетливиот желудник

Храна која ќе го смири осетливиот желудник

Осетливиот желудник е термин кој може да опише низа гастроинтестинални симптоми, од мачнини, проблеми во варењето на храната, подуеност и грчеви, а понекогаш дури и пролив. Што тогаш да јадете?

Во случај на гастроентеритис, откако повраќањето ќе престане треба полека да воведувате цврста храна – прво јадете пире од банана, потоа ориз, а потоа јаболко па конечно тост.

Пире од банана

Бананите се добар избор на хранливи материи, посебно електролити како што е калиумот. Многу луѓе сметаат дека е прилично тешка, но бананата може да делува смирувачки. Сепак, подобро е да јадете пире од банана бидејќи полесно се вари. Ваквиот обок дава доволно енергија во периодот кога осетливоста се смирува.
bananas

Ориз готвен на пареа

Оризот без зачин ќе делува смирувачки на празен желудник. Ќе го намали чуството на гадење и ќе го спречи негативното дејство на желудочната киселина. Малите количина на ориз треба да ги конзумирате секогаш  но во исто време.


Јаболко или јаболков сок

Богати се со влакна, пектином и фруктоза, па пружаат доволно хранливи супстанции додека избегнувате друга потешка храна. Меѓутоа, јаболката не се доволно хранливи  во текот на осетливиот период или на долг период. Изренданите јаболка или свежиот сок полесно е да се свари.

Обичен тост или двопек

Тостот од бело или интегрално брашно или двопекот е добар кога во прашање е осетливиот желудник. Лебот со полни зрна треба да се избегнува напочетокот затоа што тешко се вари, и создава непријатно чуство. Не ставајте путер или маргарин затоа што може да го надразни желудникот особено после пролив.

Бистра супа

Проценете колку течност  ви е потребна, така што во неа нема да има зеленчук, месо или тестенини. Конзумирајте ја само течноста. Избегнувајте многу зачинета супа или состојки со јак мирис.

Свеж јогурт

Незасладениот јогурт добро го поднесуваат повеќето луѓе, а може да има и смирувачко дејство. Но, јоуртот може да биде проблем за лицата кои не поднесуваат лактоза. Овој вид нетолеранција на лактоза се развива после пролив со што јогуртот може да ги иритира цревата. Но дејството е краткотрајно.

Газирана вода 

Добра е и обична, но газираната вода сепак има некои предности. Може да ви помогне при подждригнување или олеснување на варењето на храната. Накратко, јаглеродниот диоксид може да го забрза празнењето на желудникот и да ја испере желудочната киселина која можеби се нашла во хранопроводот.

Зеленчук или пилешко готвени на пареа

Лесниот оброк од пилешки прсти и зеленчук нема да го вознемири желудникот. Но бидете внимателни со мастите. Гответе на пареа. Солта нека биде единствениот зачин. Ваквиот оброк создава рамнотежа од протеини и јаглехидрати, а обезбедува и низа нутриенти кои му се потребни на телото.

Фрапе без цитрон

Изборот на состојки може да варира, но препорачливо е да избегнете цитрус или домати. Пијте полека и видете како телото ќе реагира.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...