Почетна / Совети за здравје / Храна која го чува здравјето на коските

Храна која го чува здравјето на коските

Намирниците кои содржат калциум и витамин Д се есенцијални доколку сакате да имате цврсти и здрави коски. Калциумот ги зајакнува коските и забите, а витаминот Д ја подобрува апсорпцијата и растот на коските.      

Една од главните причини за остеопорозата е недостигот на калциум и витаминот Д. Важно е да ја консумирате храната која е богата со овие состојки. Ви преставуваме неколку видови на намирници кои би требало да консумирате редовно.

Млеко   

Млекото е богато со калциум и витамин Д, и би требало да имате навика секојдневно да испиете по една чаша млеко. Доколку не го сакате млекото, тогаш јадете сирење или пијте јогурт.

Банани    

Бананите се полни со калциум и калиум, а и корисни се за зајакнување на имунитетот, го поттикнуваат протеинскиот метаболизам и го спречуваат губењето на калциумот од телото.

Зелениот зеленчук    

Зеленчукот како што е спанаќот, младиот кромид, зелката и брокулата се одлични извори на калциумот. Витаминот К е присутен во спанаќот, и ја зголемува густината на минералите во коските.

Ореви     

Бадемите и кикиритките содржат поголемо количество на калиум, кои го спречуваат губењето на калциумот. Оревите се богати со омега – 3 масни киселини, кои го забавуваат губењето на коскената маса и го забрзуваат формирањето на коските.

Сливи     

Сливите содржат влакно инулин кое му помага на телото да го апсорбира калциумот побрзо, а ги зајакнува и коските.

Сардини и лосос   

Сардините и лососот се познати по високиот ниво на витамин Д и калциумот. Лососот содржи омега – 3 масни киселини и витамин Д.

Јајца      

Не претерувајте со консумирањето на јајцата. Едно јајце на ден се смета доволно. Жолчката не ја фрлајте, затоа што во неа се наоѓа витаминот Д.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...