Почетна / Здравје и исхрана / Храна која е богата со пробиотици го зајакнува имунитетот

Храна која е богата со пробиотици го зајакнува имунитетот

Зборот ″пробиотик″ потекнува од грчкиот збор кој значи ″за живот″. Пробиотиците се корисни бактерии кои ја одржуваат рамнотежата на микрофлората на органите за варење и како такви се корисни за човечкиот организам. Здравјето на дигестивниот систем зависи и од рамнотежата на цревната микрофлора која може да ја нарушат болестите, стресот, антибиотиците и другите лекарства. Постојат два вида на пробиотици: Lactobacillus и Bifidobacterium.

Млечни производи         

Се препорачува консумација на млечните производи кои содржат живи активи пробиотички култури. Сите видови на пробиотик јогурти и ацидофилни млека содржат  бактерии кои имаат благотворно делување на пробавниот систем, а некои видови на сирење како што е свежото сирење и полу тврди сирења како што е гауда и cheddara исто така содржат пробиотици.

Кисели краставици и кисела зелка     

Ферментирани намирници како што е киселата зелка и киселите краставици содржат здрави пробиотички бактерии и квасец. Консумирајте кисели краставици кои не содржат оцет.

Леб направен од кисело тесто      

Кај киселото тесто за ферментација се користи пробиотик Lactobacillus. Значи киселиот леб во комбинација со сирење кое исто така содржи големо количество на пробиотици преставува ефикасна заштита на Вашиот организам.

Зачинет ферментиран зеленчук       

Се советува консумација на намирници од традиционалната Азиска кујна како што е кисел ѓумбир и кимачи кои исто како и останатата ферментирана корејска храна е богата со пробиотици.

Непастеризиран мисо    

Се препорачува консумација на непастеризиран мисо затоа што е одличен извор на пробиотици. Мисо е густа паста која се користи при подготвување на јапонските супи. Направен е од ферментиран ориз, јачмен или соја.

ЗАКЛУЧОК:

Користа од одржувањето на здравата цревна флора е очигледна. Нема сомнение дека пробиотикот е корисно да се консумира по лекувањето со антибиотици (кои неселективно ја уништуваат цревната флора).

Потоа, се покажало дека пробиотиците е добро да се консумираат како превенција во сезоната на грип, во случај на заболување на горните дишни патишта или стомачни проблеми кои се предизвикани од некои инфекции.

Сега знаеме дека пробиотиците се добри и во превенција на остеопорозата.

Како да ги обезбедите пробиотиците? Секако постојат суплементи (култури на пробиотски бактерии) и тие се сосема добри. Но пробиотиците ги има и во ферментираната храна (кисела зелка, туршија, мисо). Исто така постојат таканаречени пробиотици, односно намирници кои и помагаат на корисните бактерии во цревата да растат. Во нив спаѓаат свеж и суров зеленчук, кефир како и ферментирано овошје.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...