Почетна / Совети за здравје / Хидратацијата – клучна за добрата дигестија.

Хидратацијата – клучна за добрата дигестија.

Познато е дека водата е најдобриот начин за хидрирање на организмот. Дали пиете доволно?

Што предизвикува дехидратација?

Вие станувате дехидрирани кога вашето тело ќе се ослободи од течностите повеќе отколку што сте апсорбирале. Кога дишете, се потите, уринирате или се движите, телото троши од течностите. Ако не консумирате доволно вода за да ги надохнадите потребите на телото, тогаш вашето тело не функционира нормално. Подоцна ќе зборуваме и за начините кои може да ви помогнат да останете хидрирани.

Колку вода треба да пиете?

Докторите обично препорачуваат жените да консумираат 9 чаши вода дневно или 2.2 литри вода, а мажите до 13 чаши вода дневно или околу 3 литри вода.

Важно е да знаете дека секое тело е различно. Зависно од вашиот стил на живот, тежината, големина на телото и генералното здравје. Што значи ќе ви треба повеќе или помалку од препорачаната количина. Слушајте го вашето тело или зборувајте со доктор за тоа колку треба да пиете дневно вода.

Совети како да се хидрирате

  • Секогаш имајте со вас шишенце вода кое постојано ќе го дополнувате во текот на денот.
  • Пијте чаша вода со секој оброк
  • Пијте повеќе вода ако вежбате
  • Пијте повеќе вода ако сте изложени на многу топло или многу ладно време.
  • “Јадете ја вашата вода“ (погледнете во продолжение на што се однесува оваа потточка)

“Јади ја својата вода“

Освен што пиете вода, вие исто така може да го зголемите внесот на вода преку секојдневната исхрана или избирање на намирници кои содржат во себе повеќе вода. Погледнете која храна содржи поголем процент вода и може да ви помогне да останете хидрирани.

Краставица – содржи 96% вода.

Image result for cucumber plant

Зукини тиквички – содржат 95% вода

Image result for zucchini plant

Домати – содржат 95 % вода.

 

Related image

Ананас – содржи 87% вода.

Image result for pineapple

Лубеница – содржи 92% вода

Image result for watermelon

Јагоди – содржат 92 % вода

Image result for strawberries

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...