Почетна / Здравје и исхрана / Хербални алтернативи кои помагаат при диабетес

Хербални алтернативи кои помагаат при диабетес

Дијабетес е хронично заболување кое настанува поради недостигот на инсулин во организмот. Најчести симптоми на дијабетес се сувата уста, општата слабост на организмот, брзото заморување и намалување на телесната тежина.

Поред тоа што глуварчето е корисен природен лек за заболувања на џигерот и жолчката, ова лековита билка е добро природно средство за регулирање на нивото на шеќерот во крвта. За лекувањето на дијабетес потребно е во текот на пролета, сето време дури глуварчето цути, секој ден да се изеде околу 10 стебленца од глуварчето. При тоа билката претходно треба да се измие и потоа се отстрануваат цветовите. Стебленцата добро и полека треба да ги џвакате па потоа га ги голтнете.

Потврдено е дека зачинот цимет ја зголемува активноста на инсулинот, така да една лажица цимет во текот на денот може да го намали нивото на шеќер во крвта. Освен тоа циметот го намалува нивото на лошиот холестерол и триглицеридите во крвта.

Ѓумбирот делува на тој начин што го намалува шеќерот во крвта.
Ѓумбирот може да се користи како зачин во повеќе видови на храна, се ористел со векови како лек за настинки, лошење како и болки при појава на артритис. Ѓумбирот не треба да се зема со лекови за коагулација на крвта.

Алоевера  е растение чии антидиабетес ефекти се нагласуваат постојано. Растението кое потекнува од Африка според истражувањата ги намалува нивоата на шеќер во крвта што е поволно кај пациентите кои страдаат од тип 2 диабетес.

Пченката, овесот или зобта ја чистат крвта, крвните садови и помагаат во лекувањето на шеќерната болест.

Лекувањето на шеќерната болест (дијабетес), подразбира диетална исхрана со намалено внесување на јаглените хидрати. Исфрлување на нездравите маснотии и користење на здрави и корисни маснотии како што се ланено и рибино масло. Потребно е да обрнете внимание на доволно внесување на минерали, затоа што ова болест често предизвикува и недостиг на минерали во организмот.

За исхрана на дијабетичарите се препорачува чичока ( билка која е слична на компирот која е воедно здрава замена за компир ), поради тоа, ова билка за разлика од компирот не содржи скроб, туку инулин.   .

Магдоносот од секогаш се употребувал за лекување и превенција на шеќерната болест (дијабетес) и тоа така да свежите листови од магдонос треба да се исечат, коренот на ова билка ситно да се изренда, па се да се измеша со една шолја кисело млеко или јогурт. Се пие секоја вечер пред заминување на спиење.

*За консумирање на намирниците советувајте се со вашиот лекар

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...