Почетна / Здравје и исхрана / Хељда – една од најздравите житарки

Хељда – една од најздравите житарки

Хељдата е повеќекратно корисна билка – ги лечи болестите на дишните органи, хипертензијата, несоницата, глаукомот и многу други заболувања и одлична е храна за деца и возрасни.

Хељдата го добила името по грчкиот збор fagus, што во превод значи бука и pyros – жито. Незиното потекло е централната Азија каде што се користела уште од 6000 година пред нова ера, а во XV век Сарацените ја прошириле во Тибет, Кина, Јапонија и Европа. Хељдата е типично планинска билка со краток вегетациски период. Се одгледува во песочните и влажните подрачја и на надморска висина над 1000 метри.

Ова моќна билка е голем извор на витамини. Во себе содржи витамини Б1, Б2, Б3, Б5 и Б6, но и витамин П кој има важна улога при намалувањето на крвниот притисок. Тука се и олигоелеметите како што се магнезиум, железо, цинк, калциум, кои и даваат енергија на телото, посебно ако спортувате.

Хељда е богата со растворливи влакна кои предизвикуваат чувство на ситост, па се препорачува на оние луѓе кои сакаат да ја намалат телесната тежина или да ја сочуваат веќе постоечката телесна тежина. Од друга страна, тие исти влакна го редуцираат лошиот холестерол во крвта.

Одличен е сојузник во превенцијата на кардиоваскуларните болести, ја забрзува циркулацијата и спречува настанување на канцер. Важно е да се спомне дека антиоксидансите од хељда се отпорни на високите температури, па сите состојки кои се важни за Вашето тело ги содржи хељдата.

Решете се од прекумерната тежина со помош на хељда!

Она што ќе ги израдува оние кои сакаат да јадат е следната информација – хељдата помага во намалувањето на килограмите. Како што спомнавме, хељдата создава чувство на ситост и иако не е премногу калорична имаа голема хранлива вредност. А наместо да пиете калорични нездрави енергетски напивки по напорниот тренинг, почастете се со здрава порција на хељда која е полна со енергија.

 

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...