Почетна / Рецепти / ГУЛАШ ОД БУКОВКИ И КОМПИРИ

ГУЛАШ ОД БУКОВКИ И КОМПИРИ

Извонредно вкусна и здрава манџа совршена е за семеен ручек. Посно јадење кое ќе Ве воодушеви со преубав вкус и мирис!

Состојки:

700 грама буковки

400 милилитри доматен сос

1 голем кромид

1 морков

1 чешне лук

1 пиперка

4 компири со средна големина

Сол

Црна пипер

Магдонос

3 лажици масло

DARIANA-BUKOVKA (2)

Подготовка: Исчистете го кромидот и исечете го. Сечете ја пиперката и морковот на коцки. Сето ова ставете во тенџере со масло, а состојките се пржат 5 минути. Потоа додадете чаша и пол вода и оставете да врије. Додадете го доматниот сос и продолжете со варењето и додадете ги преостанатите зачини. Измијте ги буковките и сечете ги на поголеми парчиња. Излупете ги компирите и сечете ги на коцки. Компирите заедно со буковките ставете ги во тенџерето. Оставете го гулашот да врие уште 10 минути па потоа тргнете го од огнот. Загрејте ја рерната на 200 степени. Гулашот истурете го во ватростален сад. Наросете со лук и магдонос и оставете го да се пече уште 20-30 минути во рерната.

Служете го гулашот дури е топол. Добар апетит!

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...