Почетна / Здравје и исхрана / Грозје – еликсир на здравјето и младоста

Грозје – еликсир на здравјето и младоста

Грозјето делува како природен тоник, а уз сето тоа е извонредно хранливо овошје. Неговата сезона е веќе почната., па затоа навалете …

Грозјето е богат извор на витамини А, Б и Ц, како и минерали (калиум, калциум, магнезиум, фосфор, железо, манган). Содржи шеќер, овошни киселини, фосфорна киселина, танини, влакна, протеини и други материи кои имаат благотворно делување на нашето здравје. Поради сето тоа, има и голема енергетска и хранлива вредност, природен е антисептик и диуретик и го намалува ризикот од болестите на срцето и рак.

Благодарение на тие карактеристики, препорачливи се и повремени еднодневни диети кои го вклучуваат грозјето а кои се спроведуваат така што во текот на целиот ден полека се јаде само грозје. Ефектите на диетата е стимулирање на пробавата, зајакнување и чистење на организмот од штетните материи.

Суво грозје за утринскиот појадок        

Меѓутоа, освен како свежо овошје, грозјето го зајакнува нашето здравје и низ различните производи кои се подготвуваат од него. Сок од грозје го подобрува апетитот, го нормализира крвниот притисок, помага за подобар вид и помага да се намали затнувањето на крвните садови и го зајакнува метаболизмот. Сувото грозје исто така има голема нутритивна вредност.

In vino veritas

Многу се здрави и самите семки од грозјето, затоа што се полни со различни антиоксиданси, при што го забавуваат стареењето и спречуваат појавување на некои заболувања. Полни се со витамин Е и Ц и имаат антивирусно и антиканцерогено својство. Не смееме да го заборавиме и најпознатиот производ од грозјето, а тоа е виното, кое делува како средство за смирување, подобрува апетит и ја намалува опасноста од срцевите заболувања. Секако, кога се консумира во оптимални количества, што е отприлика две чаши дневно за мажи и една за жени.

Направете маска        

Грозјето може да се користи и во козметиката поради благотворното делување на кожата, било да го јадеме свежо или во облик на различни препарати, со оглед на тоа дека ги регенерира клетките на кожата и дава младешки изглед. Може да се користи како маска за лице, така што ќе се направи каша од свежо излупени бобинки, без семки па нанесувајте ја маската на кожата и измијте ја по 20 минути.

 

Проверете и

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods?

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods? Има антиоксидативна заштита Брза апсорпција на Витамин Ц ...