Почетна / Здравје и исхрана / Грејпфрут – извор на младоста

Грејпфрут – извор на младоста

Освежителен, сочен и вкусен грејпфрут создава чувство на ситост, има малку калории, богат е со билни влакна и со витамин А и обезбедува дневни дози за витамин Ц.

Грејпфрут, посебно црвен, може да поможи во намалувањето на холестерол. Според новите студии и истражувања, црвениот грејпфрут содржи повеќе антиоксиданси од обичниот грејпфрут, па е можеби тоа причина за неговото поволно делување на триглицеридите. Грејпфрутот го намалува нивото на инсулинот во крвта. Инсулинот е важен за метаболизмот на шеќерот, што се шеќерот подобро поефикасно метаболизира, поголема е веројатноста дека ќе биде складиран како масна резерва во телото. Сепак, пред да почнете редовно да консумирате грејпфрутот треба да го консултирате докторот.

Причина за тоа, е што ензимите во составот на ова цитрусно овошје го блокираат способноста на организмот да ги разградува одреден вид на лекарства, што значи дека нивната концентрација може да стане премногу висока и да предизвика несакани ефекти. Само една чаша сок или еден плод грејпфрут може да предизвика овие проблеми. Дејството на овој цитрус понекогаш трае и три – четири дена, и затоа не треба да се консумира во текот на терапијата со одредени лекарства. Поточно, грејпфрут стапува во интеракција со лекарствата како што се лекарствата за намалување на нивото на холестеролот во крвта, некои лекарства за намалување на висок крвен притисок, срцевиот ритам и лекарства против анксиозност.

Она што треба да го знаете

Доколку сакате да изгледате помладо, заборавете ги не многу здрави и безопасни козметички и хируршки методи, едноставно посетете го пазарот и земете грејпфрут. Постои еден многу лесен начин да во моментот изгледате посвежо и помладо. Овој метод е потполно неинвазивен и воопшто не го менува Вашиот физички изглед. Не е скап, а тајната е во мирисот на грејпфрут. Спроведени се  истражувања  за тоа, што се може да го натера мажот да помисли да е жената помлада отколку што е. Се покажа, на изненадување на сите, дека е единствено ефикасно средство – мирисот на грејпфрут, бидејќи мирисот го поттикна мажот да помисли да е дамата дури шест години помлада. Затоа, кога сакате да Ве некој маж доживее како помлада, послужете се со ова јужно овошје.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...