Почетна / Здравје и исхрана / Гравот – клучот за Вашето здравје!

Гравот – клучот за Вашето здравје!

Во нашето поднебје гравот е омилена храна, а се подготвува на многу начини. Многу е здрав и се препорачува се почесто да се јади, поради подобрување на варењето, превенција на опстипација, хемороиди …

Гравот е одлична храна, и ја  подобрува работата на срцето. Тој преставува концентриран извор на прехранбени влакна, кои помагаат во намалувањето на холестеролот, фолна киселина која ја намалува концентрацијата на штетните хомоцистеини во крвта. Добар е извор на магнезиум, кој преставува антистресен минерал важен за работа на мускулите и нервниот систем. Содржи амино – киселина лизин, а сиромашен е со цистеин, метионин и триптофан со кои обилуваат житарките или производите од житарки, како што се тестенините. Гравот е извор на белковини, како и со молибден кој ги елиминира штетните материи од организмот. Гравот е добар извор на витаминот Б1, фосфор, манган кој ги заштитува митохондриите, а тие произведуваат енергија и штитат од оштетувањата кои предизвикуваат слободните радикали.

Голема антиоксидантна моќ на гравот се наоѓа во споевите кои се викаат антоцијани, а кои најмногу ги има во црниот грав, потоа нешто помалку во црвениот, кафеавиот и белиот. Гравот има мал гликемиски индекс ( GI = 39 ) што значи дека го запира брзиот раст на гликозата во крвта, па со самото тоа е идеална храна за дијабетичарите, како и во текот на диетите за слабеење. Гравот предизвика гасови, бидејќи луѓето не можат да ги сварат шеќерите кои се најдуваат во зрното. Тие шеќери ги трошат бактериите во дебелото црево и произведуваат гасови. Процесот може да се намали доколку се фрли вода каде што седеше гравот или доколку се исфрли првата вода во кој е варен. Ким или ѓумбир се зачини кои се делотворни во спречувањето на создавање на гасовите.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...