Почетна / Рецепти / Гравче во тавче

Гравче во тавче

Признаваме дека Ви е потребно повеќе време за подготвување на овој специјалитет, но кога еднаш ќе одвоите време за тоа и Вие ќе признаете дека вредеше!

Состојки      

Малку мелена црвена пипер
500 грама грав
1 лажица сув магдонос
4 лажици масло
Црна пипер по ваш вкус
3 чешниња лук
1 лажица брашно
Сол по вкус
Кромид
2 суви пиперки

 

Подготовка     
Истребете го и исчистете го гравот, па ставете го да се вари 10 минути а потоа истурете ја водата, додадете друга вода, и варете уште 2,5 – 3 часа на лесен оган.

Во меѓувреме исчистете го кромидот, исечете го на ситни коцки, лукот и магдоносот исечете ги на ситно.

Потопете ги сувите пиперки во жешка вода и оставете ги потопени околу 15 минути.

Запршка    
Во соодветен сад загрејте го маслото и на кратко пропржете го кромидот.

Во пропржениот кромид додадете лажица брашно, измешајте и кратко пропржете.

Тргнете го садот од огнот и додајте црвена пипер, измешајте, додадете малку вода (не повеќе од 1 децилитар) и повторно, на кратко, вратете го садот на огнот.

Извадете ги пиперките од водата и отстранете ги дршките и семките.

Исечете ги пиперките на поголеми парчиња.

Кога гравот е варен, односно кога ќе поминат 2,5 до 3 часа од кога сте го ставиле да се вари, додадете ја запршката и мешајте. Додадете сол и црна пипер по Ваш вкус и сето тоа добро измешајте. Вака подготвениот грав ставете во земјен сад и запечете во рерна на 200 степени околу 40 минути.

Служете  го гравот дури е топол.

Пријатно!

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...