Почетна / Совети за здравје / Грав – вкусна храна и одличен сојузник на Вашето здравје

Грав – вкусна храна и одличен сојузник на Вашето здравје

Освен тоа што е состојка на многубројни јадења, гравот го штити срцето и мозокот, го намалува нивото на шеќер во крвта и голем е пријател на целокупното здравје.

Во зрното на грав има повеќе белковини отколку во месото или во јајцето, малку масло и дури 60% јаглени хидрати. Со 143 калории во 100 грама, гравот е богат со магнезиум, железо, јод, калциум и калиум, но не се препорачува на личности кои имаат  проблеми со желудникот затоа што содржи пектин. Можат да го јадат и луѓе кои се алергични на глутен, затоа што во гравот воопшто го нема.

Еве неколку причини зошто е треба што почесто да го јадете гравот:

Идеален е за диабетичари      

Грав е извор на антистресен минерал магнезиум кој го чува нервниот систем и важен е за работата на мускулите. Доколку имате дијабетес тип 2, јадете го гравот што е можно почесто затоа што растворливите влакна кои што ги содржи во цревата се претвараат во желе и ја забавува апсорпција на шеќерот од храната. Благодарение на нискиот глиќемиски индекс го спречува брзиот раст на глукозата во крвта, но поради тоа е идеална намирница во текот на диета.

Војна против канцер    

Гравот е богат со антиоксиданси кои се одлични сојузници во војната против рак. Антиоксиданси ги уништуваат слободните радикали со што се неутрализира нивните штетни ефекти.

Богат со влакна      

Содржи растворливи и нерастворливи влакна, 90 грама варен грав содржи 45% дневни препорачана доза на влакна. Кога еднаш ќе стигнат во Ваш дигестивниот тракт, растворливите влакна се врзуваат за киселина и ја отстрануваат од организмот. Ова ја спречува желудачната киселина да се апсорбира во црниот џигер и така предизвика синтеза на штетниот холестерол. Нерастворливите влакна делуваат превентивно и на опстипација.

За здраво срце        

Белиот грав е богат со витамин Б9 – кој се нарекува фолна киселина. Фолна киселина го намалува нивото на хомоцистеин во крвотокот. Доколку се зголемени количества на хомоцистеин се зголемува и ризик  за инфаркт и мозочен удар. Според направените студии се докажало дека луѓето кои консумираат 100% дневни вредности на фолна киселина, ризикот за срцевиот удар се намалува за 10 до 11% на годишен ниво поради намалениот ниво на хомоцистеин во крвотокот. Една шоља или 90 грама порција на бел грав треба да задоволи повеќе од 50% од дневните потреби за фолна киселина. Гравот има низок процент на масти, па поради тоа е одличен во превенција на срцевите заболувања.

Ги подобрува когнитивните способности    

Белиот грав е богат со витамин Б1 или тиамин, кој е потребен за формирање и работа на мозочните клетки. Тиамин е клучна компонента во синтеза на ацетилхолин кој влиае на помнењето. Кога секојдневно се јаде една шоља – 90g бел грав, можат да се подобрат когнитивните функции.

Ги исфрлува сулфатите    

Грав содржи молибден, материја која е клучен и составен дел на ензимот познат како сулфит оксидаза. Овој ензим ги исфрлува сулфатите кои обично се наоѓаат во конзервирана храна. Доколку сте осетливи на сулфати, можно е да почуствувате главоболка, забрзана работа на срцето или дезорјентација.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...