Почетна / Здравје и исхрана / Грав – идеална замена за месо!

Грав – идеална замена за месо!

Благодарение на изобилството минерали, витамини, сложени јаглехидрати, пред се, протеини, гравот се класифицира во најхранливите прехранбени производи.

Според нутритивната вредност, може да се спореди со месото, затоа што покај цистин и метионин ги содржи и сите други аминокиселини. Бидејќи во составот има висок процент белковини, особено им се препорачува на лицата што не конзумираат производи од животинско потекло.

Гравот е богат со калиум, магнезиум, железо, цинк и витамини од групата Б. Исто така, содржи и голема количина растителни влакна, особено сурови, како што е целулозата, со што се забрзува минувањето на храната низ дигестивниот тракт и на тој начин се спречува опстипацијата, како и појавата на хемороиди. Притоа, растителните влакна поволно влијаат и врз намалувањето на штетниот холестерол и на регулацијата на нивото на шеќер во крвта. Со оглед на тоа дека гравот потешко се вари и предизвикува гасови, во јадењето треба да се додаваат зачини, како што се ким, нане и лавров лист. Треба да се избегнува користење сода бикарбона во текот на готвењето, бидејќи на тој начин се уништуваат вредните витамини од групата Б.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...