Почетна / Здравје и исхрана / Грашокот – чувар на нервите, коските и срцето

Грашокот – чувар на нервите, коските и срцето

Свежиот грашок содржи големи количества на витамин Ц и Е, кои при сушењето се губат, но затоа исушени содржат големи количества на витамини Б1, Б2 и Б3, кои се важни за метаболизмот на јаглените хидрати, протеините и мастите.     

Мешунката која ни е достапна на сите, ако не во свежа состојба, тогаш во замрзната или сув облик, во последно време го привлекува вниманието на нутриционистите. Благодарение на многубројните корисни состојки, грашокот не прави да бидеме силни и здрави, што спечува настанување на остеопороза.

Кикиритките, гравот, боранијата, грашокот, сојата, леќата, леблебијата се претставници на овој вид на мешунки кои најмногу се користат во исхраната на луѓето.

Една од ретките мешунки која се вари како зеленчук – свежиот грашок – достапен е од пролетта па се до доцната есен, а во преостанатиот дел од годината, ова намирница често се наоѓа на трпезите благодарение на технологијата на замрзнување или сушење.

Грашокот е одличен сојузник во војната против болестите, затоа што е преполн со хранливи и високо вредни материи. Преставува значаен извор на седум минерали, но и влакна и протеини.

Освен тоа што од него може да се направи повеќе вкусни јадења, во грашокот има повеќе материи кои се корисни за одржување на здравјето на коските. Богат е извор на витамин К, кој во човековиот организам преминува во витамин К2, кој пак го активира остеокалцин – еден од основните протеини на коските. Со помош на овој ниско калоричен протеин молекулите на калциум остануваат во внатрешноста на коската. Поради тоа нивото на витаминот К2 е посебно важен и без него е загрозена минерализацијата на коските.

Бидејќи грашокот е одличен извор на фолна киселина и витамин Б6 кој влијае на намалување на нивото на хомоцистеин, супстанца која настанува во процесот на метаболизмот, а го загрозува нормалното поврзување на колагенот во структурата на коската, па создава услови за настанување на остеопорозата, нутриционистите истакнуваат дека би требало да се најде на трпезата барем еднаш неделно во текот на сезоната.

Резултатите на една студија покажале дека кај жените во периодот по менопаузата кај кои не е забележан недостигот на фолна киселина, нивото на хомоцистеините би можело да се намали со едноставното внесување на намирници кои се богати со ова важна киселина.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...