Почетна / Здравје и исхрана / Гответе со децата кои не одат во школо

Гответе со децата кои не одат во школо

Деновите кога децата не одат во школо може да бидат благослов или проклетство. Искористете го дополнителното време кое го имате со нив и поттикнете ги да ви помогнат во кујната додека вие ги спремате оброците. Ќе се изненадите колку децата се волни да експериментираат во кујната.

Педијатрите кажуваат дека децата кои сами на себе си ја припремаат храната, отворени се за испробување на нови вкусови и здрава исхрана. Еве неколку предлози како да ги вклучите децата во кујната во зависност од нивната возраст.

Деца на возраст до 4 години: Децата на оваа возраст сакаат да бидат постари, но нивните моторни вештини сеуште се развиваат. Сигурни активности и најприкладни за таа возраст се: миење овошје или зеленчук, мешање белки, гмечење на тесто или чепкање во листови салатка или марула.

Дозволете му на вашето дете да го испасира компирот кој веќе се изладил или да ги филува палачинките со џем или еурокрем.

Возраст од 5 до 7 години: Задачи кои одговараат за оваа возраст се: оддвојување на белките, рендање кашкавал, луштење и сечкање на меко овошје со детски нож. Оваа старосна група исто така може да ги мери состојките или да ја подготви трпезата.

Можете да му допуштите на детето да проба да направи мини кекс.. Нека ви помогнат во правење на кората, нека ги изматат јајцата  и млекото и нека додадат зеленчук.

Возраст од 8 до 12 години. Децата од предтинејџерска возраст се способни да ја мерат температурата на месото и да управуваат со тајмерите, а под ваш надзор може и да сецкаат храна или да ја греат во микробранова печка. Дозволетен му на детето да ја подготви својата ужина како сендвич со салата, а можеби и да ја загрее својата супа.

13 години и постари: Кога ќе влезат во тинејџерските години, децата се спремни да станат главни кувари. Со способноста да множат и да делат, може да ги прилагодат рецептите за вашите семејни потреби. Правење на мени и пазарење  на намирници се исто така нешто за кое сте способни . Можат дури и да смислат свои рецепти.

Допуштете му на тинејџерите да го испржат месото или да зготви ориз. Спремајќи ја храната ќе научат да се грижат и за хигиената.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...