Почетна / Совети за здравје / Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие инфекции се околу педесет пати почести кај жените отколку кај мажите, пред се заради локацијата на уретрата на жената. Може да влијаат на кој било дел од уринарниот тракт, но најчесто се јавуваат кај мочниот меур (како цистит).

Секоја година се проценува дека има над 15 милиони инфекции на уринарниот тракт само во САД. Инфекцијата предизвикува симптоми на чести, итни или болни мокрења, а понекогаш и абдоминална болка или крв во урината. Повеќето од овие појави се предизвикани од штетни бактерии наречени Escherichia coli (или E. coli).

Бенефициите од брусницата се должат на соединенија кои имаат улога на заштитници  за задржување на одредени бактерии (како E. coli) пред да го нападнат ѕидот на уринарниот тракт.

 

Традиционалната превентивна препорака за помош  во спречување на формирање и појава на уринарни инфекции е да се пијат дневно по 1-2 чаши на 100% чист, незасладен или лесно засладен сок од брусница. Истражувањата докажале дека жените кои пијат сок од брусница страдаат помалку од симптоматски инфекции на уринарниот тракт.

Антибиотиците се многу ефикасни во спречувањето и лекувањето на овие инфекции, но несаканите ефекти на антибиотиците – вклучувајќи ги отпорност на антибиотици, габични инфекции, проблеми со дигестијата и повеќе – често ги одвраќаат многу жени од нивно земање.

Во САД, антибиотиците за инфекции на уринарниот тракт се 15% од вкупниот број антибиотици препишани секоја година. Постои доказ дека конзумирањето на премногу дози на антибиотици може да доведе до многу здравствени проблеми, но за среќа, природен лек, како што е употребата на боровинки, стана популарна и ефикасна алтернатива.

Друга ефикасна алтернатива за: зголемување на имунитетот, намалување на воспаленија, превенција од рак, заштита на срцето и подобра функција на дигестивниот тракт препорачуваме Cranberry Caps.  Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

 

 

 

 

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...