Почетна / Совети за здравје / Генерализирано анксиозно растројство

Генерализирано анксиозно растројство

Појавата на  Генерализирано Анксиозно Растројство (ГАР) можна е без видлива  причина, но  понекогаш  се поврзува и со некој значаен стресен животен настан. Обично е во прашање хроничен стрес, кој ги провоцира симптомите. Во  клиничката  слика  кај  пациентите  доминира  генерализирана  анксиозност  во  вид  на  стравувања, исчекувања, напнатост, загриженост, слаба концентрација, психички  и  физички  замор,  раздразливост, немир  и  несоница.

Пациентот доживува “слободно  лебдечки  страв”  кој  ја  преплавува  личноста (без  да знае од каде и зошто тој страв се појавува). Постои  и  “страшливо  исчекување” субјективно  доживување на  страв  кое  тешко  се  опишува  како  мачно  претчувство, дека  нешто  лошо и  непријатно  ќе  им  се  случи  во  најблиска  иднина, некоја  несреќа  било  нив  или  на  нивното  семејство (болест, повреда, смрт, финансиско  криза, загриженост  за  иднината итн.) Од  ваквите чувства  тие  не  можат  да се  ослободат, бидејќи  тоа  целосно  ги  обзема  и  ги  парализира,  тешко  ги  контролираат  своите  мисли.

unnamed

Од  психичките пореметувања обично  се  јавуваат – потешкотии во концентрацијата, како  и потешкотии во  запамтувањето и  управувањето  со  мислите, што  предизвикува  пациентот  да  не  е  во  состојба  да ги  решава вобичаените  проблеми  со  кои  се  среќава  во  секојдневното  живеење и  да  ги  извршува  работите  кои  предходно  со  леснотија  ги  извршувал. Се  жалат  на  тресење  на  одредени  делови  или  пак на  целото  тело, на  треперење на  група  мускули, особено на  лицето и на очните  капаци.

Моторната  напнатост  се  изразува  преку –  затегнатост  на  мускулите  на  вратот, тилот, рамењата и тоа доведува до непријатни  болни  сензации  во  вид  на  главоболки  и потешкотии во  дишењето, постојна  вознемиреност  и  неможност  да  се  опуштат.

Симптомите  на  вегетативниот  нервен  систем  се  исто така  присутни – вртоглавици, тахикардија, губење на здивот, несвестици, сува уста, пореметување во  голтањето, дијареа, стомачни грчеви… Често  овие  пациенти  манифестираат  зголемена  нервоза, раздразливост  и  агресивно  поведение или  повлекување.

ГАП  често  е  придружено  и  со  други  анксиозни  пореметувања,  како  што  се:

– панично  пореметување

– социјална  фобија

– специфична  фобија

– депресијата.

Психосоматските  болести  предизвикани  од  стрес  исто  така  го  пратат ГАР. Ако  не  се  лекува  анксиозноста, загриженоста и телесните  симптоми, предизвикуваат  значајни  пречки  или  оштетувања  во  социјалните, професионалните или  во  другите  подрачја  на  функционирање.

Д-р Ирена Најдоска               

Специјалист психијатар

Neuromedica

www.neuromedica.com.mk

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...