Почетна / Совети за здравје / Физиолошки и психолошки фактори кои влијаат врз промени во либидото

Физиолошки и психолошки фактори кои влијаат врз промени во либидото

Што го намалува либидото кај мажите но и кај жените?

1. Стрес

Можеби сте личност која добро функционира под стрес. Но сепак често може да се случи да не се чувствувате доволно секси и привлечно за партнерот. Стресот на работа, проблемите со финансиите, грижата околу семејството, и многу други стресни околности може да доведат до намалено либидо. Со цел одржување на нивоата на стрес под контрола, потребно е да научите низа на техники за справување со стресот или да побарате совет од стручно лице.

2. Неразрешени проблеми

Неразрешените проблеми во врската се еден од најчестите ”убијци” на желбата за секс. Емотивната блискост посебно за жените е еден од главните мотиватори за будење на сексуалните желби. Постојаните расправии, недостатокот на комуникација, недовербата или други препреки во интимноста може во потполност да ја уништат потребата за секс.

3. Алкохол

Пијалок или два не секогаш ќе го подобри вашето расположение. Алкохолот почесто ја намалува желбата за секс, а доколку не ја намали вашата ќе ја намали потребата на вашиот партнер.

4. Недоволно спиење

Доколку имате намалено либидо можеби причината за тоа е тоа што станувате премногу рано или спиете до доцна. Несониците исто така имаат големо влијание . Која и да е  причината за недоволен сон и одмор потребно е да станете свесни дека помалку сон= поголем умор > умор= помалолибидо

5. Родителство

Родителството само по себе не ја намалува сексуалната желба , но затоа пак многу често се случува да не постои доволно време за интимност кога во домот постојано сте опкружени со своите деца. Не заборавајте да ја негувате својата врска , интимните моменти доведуваат до поголема блискост и посреќен брак.

6. Лекови

Постојат лекови кои потесно се поврзуваат со намалено либидо

  • антидепресиви
  • лекови за крвен притисок
  • антихистамини
  • хемотерапија
  • финастериди
  • анти-HIV лекови
  • синтетички прогестерони- медроксипрогестерони

Променаѕа на лекот или дозата може да е решение на проблемот. Овие и некои други лекови доста влијаат врз сексуалната желба. Доколку набрзо по користење на одреден лек ја изгубите желбата за секс разговарајте со својот лекар.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...