Здравје и Храна http://zdravjeihrana.mk Вашето здравје и здрава исхрана Tue, 05 Sep 2017 20:25:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=4.8.1 Храна која ќе ви помогне подобро да спиете http://zdravjeihrana.mk/hrana-koja-ke-vi-pomogne-podobro-da-spiete/ http://zdravjeihrana.mk/hrana-koja-ke-vi-pomogne-podobro-da-spiete/#respond Tue, 05 Sep 2017 20:25:44 +0000 http://zdravjeihrana.mk/?p=5576 Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници.
Наша препорака е намирниците да се консумираат 2 часа минимум пред спиење со цел да имате уште помирен и полесен сон.
Доколку мака мачите да заспиете еве кои намирници ќе ви поогнат да имате подобар сон.

1.Чаша топло млеко
2. Мед
3. Банана
4. Јатки (ореви, бадеми)
5. Вишни
6. Чај
7.Јогурт
8. Грозје
9.Сок од цреши
10. Наут
11.Јајце

]]>
http://zdravjeihrana.mk/hrana-koja-ke-vi-pomogne-podobro-da-spiete/feed/ 0
Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација http://zdravjeihrana.mk/kreativni-i-zdravi-obrotsi-jajtse-piperka-sovrshena-kombinatsija/ http://zdravjeihrana.mk/kreativni-i-zdravi-obrotsi-jajtse-piperka-sovrshena-kombinatsija/#respond Tue, 05 Sep 2017 20:18:00 +0000 http://zdravjeihrana.mk/?p=5569
Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па и на денешниот предлог. Импресионирајте го своето семејство со вашата креативност во кујната со овој колоритен и воедно вкусен рецепт приготвен од неколку свежи намирници кои веруваме секој од вас ги има во својот фрижидер во оваа сезона.
Состојки
  • 1 голема црвена бабура исецкана на кругови
  • 4 големи јајца и малку изрендан пармезан
  • малку  црн бибер
  • малку сол
    Постапката за подготовка е следната:
]]>
http://zdravjeihrana.mk/kreativni-i-zdravi-obrotsi-jajtse-piperka-sovrshena-kombinatsija/feed/ 0
Овесна каша со банана и кикири- вкусен и здрав појадок за целото семејство http://zdravjeihrana.mk/ovesna-kasha-so-banana-i-kikiri-vkusen-i-zdrav-pojadok-za-tseloto-semejstvo/ http://zdravjeihrana.mk/ovesna-kasha-so-banana-i-kikiri-vkusen-i-zdrav-pojadok-za-tseloto-semejstvo/#respond Tue, 05 Sep 2017 20:06:58 +0000 http://zdravjeihrana.mk/?p=5563
Размислувате ли каков оброк да подготвите за следното утро?
Ви препорачуваме да подготвите овесна каша со банана и кикири- готова е само за неколку минути а веќе имате целосен и здрав подготвен оброк.
Состојки
  • 1 голема зрела банана
  • 1 лажица мед
  • 2 лажици сецкани кикири
  • 1 лажица путер од кикири
  • 1 шолја овесни снегулки
  • 1/2 лажица цимет
  • малку ванила
  • млеко по потреба

    Во малку млеко на оган се додава овесот, медот, ванилата и путерот од кикири. Се меша се додека смесата не згусне. Се трга на страна и се сервира во 2 тањира и се додаваат свежата банана и сецканите кикири.
    Во зависност од бројот на порции количината се зголемува/намалува.

    На здравје!

]]>
http://zdravjeihrana.mk/ovesna-kasha-so-banana-i-kikiri-vkusen-i-zdrav-pojadok-za-tseloto-semejstvo/feed/ 0
Лецитин од сончоглед- за нормална телесна функција на виталниот органи http://zdravjeihrana.mk/5558-2/ http://zdravjeihrana.mk/5558-2/#respond Mon, 04 Sep 2017 08:00:33 +0000 http://zdravjeihrana.mk/?p=5558 Лецитинот е најзастапен фосфолипид (комплексен вид на маст) во организмот кој е од суштинско значење за нормална телесна функција, особено за виталните органи како срце, мозок, црн дроб и нервниот систем. Лецитинот претставува клучен градежен материјал на клеточните мембрани чија улога е да ги пропушта хранливите материи во клетките и да ги елиминира штетните материи од клетките. Лецитинот врши две важни функции во нашиот организам: го минимизира ризикот од срцев удар и ги штити и негува мозочните клетки. Лецитинот го уништува (растура) “лошиот” холестерол во крвта и ги спречува седиментите на маснотии, измешани со минерали, да се формираат долж ѕидовите на вените и артериите, што резултира со срцеви проблеми. Лецитинот го спречува изградувањето на оваа маснотија и со тоа го намалува крвниот притисок и шансите за срцев и мозочен удар.

Лецитин од сончоглед (производот погледнете го ТУКА) 

Може ли толку важна материја да недостасува во организмот?

Бидејќи нашата стандардна исхрана содржи многу поголема количина на масти од оптималната и е богата со преработена храна, скоро секој човек има зголемена потреба за лецитин. Недостатокот на лецитин доведува до зголемена нервоза, замор, напнатост и губење на силата. Лицата кои редовно користат лецитин се потивки, а при стресни ситуации полесно ги задржуваат силни нервите.

Лецитинот од сончоглед има предности пред лецитинот од соја:

  • 100% без ГМО, за разлика од сојата, која може да биде до 90% генетски модифицирани организми (ГМО)
  • Не предизвикува алергии како сојата
  • Обработката се врши преку метод на ладно процесирање, кој не користи хемиски адитиви или конзерванси
  • Побогат со холин и есенцијални масни киселини
  • Здравствени придобивки на лецитинот од сончоглед

Кардиоваскуларно здравје 

  • Спречува натрупување на маснотии и лош холестерол на ѕидовите на срцето, артериите и вените (холестеролот и другите масти ги претвара во мешавина со вода, која потоа се исфрла од организмот)
  • Ги чисти ѕидовите на крвните садови, ја подобрува нивната еластичност и ја зајакнува срцевата мускулатура
  • Го намалува нивото на штетниот холестерол и високиот крвен притисок

Подобра меморија и ментална острина

  • Учествува во изградбата на нервите и ја подобрува функцијата на нервниот систем
  • Ја  зголемува концентрацијата и меморијата
  • Делува смирувачки на нервниот систем, а особено поволно делува при стрес
  • Поддршка при третман на Алцхајмерова болест

Други придобивки:

  • Зголемена издржливост и сила и подобри физички перформанси
  • Помага во разградувањето и ослободувањето на енергија, што е особено важно во спортот
  • Го детоксифицира и одмастува црниот дроб
  • Го олеснува метаболизмот и варењето на маснотиите (лецитинот е согорувач и разградувач на мастите)
  • Зголемена репродуктивна способност и плодност кај мажите
  • Ги намалува ревматските болки во зглобовите (за луѓе чувствителни на временски промени)
  • Ја зајакнува косата и спречува нејзинато опаѓање
  • Спречува создавање на камења во жолчката и го подобрува здравјето на жолчката
  • Поддршка на здрави клетки на градите и функционирање на жлездите кај жените
  • Ја поттикнува работата на цревата, ја олеснува столицата и ја отстранува подуеноста

 

]]>
http://zdravjeihrana.mk/5558-2/feed/ 0
Неверојатни бенефити од користење на лушпата од банана за вашата кожа и тело http://zdravjeihrana.mk/neverojatni-benefiti-od-koristene-na-lushpata-od-banana-za-vashata-kozha-i-telo/ http://zdravjeihrana.mk/neverojatni-benefiti-od-koristene-na-lushpata-od-banana-za-vashata-kozha-i-telo/#respond Thu, 31 Aug 2017 07:32:17 +0000 http://zdravjeihrana.mk/?p=5555 Иако можеби е едно од највкусните овошја на нашите локални пазари и сме свесни доволно за богатите нутриенти, природните шеќери во нејзиниот состав и богатството од антиоксиданси, можеби и не знаете дека бананите имаат бројни бенефити за вашата кожа исто така.

Tоп 5 совети за убавина во кои можете да ја искористите лушпата од бананата и максимално да уживате вонејзините благотворни бенефити 

1.Ја осветлува кожата на местото каде имало лузни од акни:

 Доколку се соочувате со честа појава на акни пробајте го следниот трик со лушпа од банана.
Извадете ја луштапа од зрела банана и исецкајте ја на покрупни парчиња. Втријте ја со циркуларни движења на лицето каде се појавуваат акните или пак лузничките од акни и мозолчиња и правете кружни движења на лицето се додека парчето не стане кафеаво. Повторувајте 2 пати неделно.2. Освежете ги уморните очи и темните кругови под очите

 

Доколку сакате да се ослободите од темните кругови и уморниот изглед на очите. Од излупената лушта од банана со лажица извадете ја сочната содржина на лушпата која наликува на бели кончиња и со малку алое вера гел измешајте ги во форма на паста. Маската нанесете ја на очите и релаксирајте се во период од 15 минути. Измијте со ладна вода. Додека алое вера гелот ја потхранува и навлажнува кожата, калиумот од лушпата од бананата ќе ви помогне да се ослободите од уморниот изглед

3. Ги ”брише” брчките од вашето лице 

Подгответе хранлива анти-ејџ маска со лушпа од банана и една жолчка од јајце. Маската се нанесува на чисто лице и се остава да остои околи 10 минути . Се мие со ладна вода.

4. Лушпата од банана се користи за белеење на забите

Доколку сте забележале појава на жолти дамки на вашите заби, пробајте да истриете на дневна основа малку лушпа од банана барем по 10 минути дневно и во период од првата недела природниот сјај на вашите заби ќе се врати. Ќе бидат бели, чисти и сјајни.

5. Против појава на модрици по телото

Дали сте склони на појава на модрици ? Без разлика колку силно и да сте се удрееле,модриците постојано се појавуваат. Најлесен начин да се справите со нивната појава е лушпата банана. Нанесете лушпа на местото каде се појавила модрицата. Менувајте го парчето банана откако ќе поцрни. Постапката повторувајте ја во рок од неколку часа додека одмарате на пример. Модриците и плускавиците од тврди и неудобни чевли брзо згаснуваат со користење на лушпа од банана на афектираното место.

]]>
http://zdravjeihrana.mk/neverojatni-benefiti-od-koristene-na-lushpata-od-banana-za-vashata-kozha-i-telo/feed/ 0
Енергетски десерт- бомбици со урми и Spirulina Pacifica http://zdravjeihrana.mk/energetski-desert-bombitsi-so-urmi-i-spirulina-pacifica/ http://zdravjeihrana.mk/energetski-desert-bombitsi-so-urmi-i-spirulina-pacifica/#respond Wed, 30 Aug 2017 09:25:10 +0000 http://zdravjeihrana.mk/?p=5549 Енергетски бомбици со Spirulina Pacifica – вкусен рецепт со здрави намирници

Она што ќе ви биде потребно за овој рецепт се:
– 50 gr ореви
– 10 суви урми
– 100 gr кокос
– 1 банана
– 1/4 мала лажичка Spirulina Pacifica

Бананата се сецка, се мелат оревите, се чистат урмите од семките и се сецкаат ситно.
Во сад се додаваат состојките и заедно се пасираат и мешаат со лажица.

Со рецептот ќе добиете околу 10 бомбици.
Уживајте во прекрасниот вкус!

]]>
http://zdravjeihrana.mk/energetski-desert-bombitsi-so-urmi-i-spirulina-pacifica/feed/ 0
Што ќе му се случи на вашето тело доколку пиете топла вода измешана со куркума во период од една недeла? http://zdravjeihrana.mk/shto-ke-mu-se-sluchi-na-vasheto-telo-dokolku-piete-topla-voda-izmeshana-so-kurkuma-vo-period-od-edna-nedela/ http://zdravjeihrana.mk/shto-ke-mu-se-sluchi-na-vasheto-telo-dokolku-piete-topla-voda-izmeshana-so-kurkuma-vo-period-od-edna-nedela/#respond Tue, 29 Aug 2017 07:22:55 +0000 http://zdravjeihrana.mk/?p=5545 Куркумата е добро позната јужно-азиска зачинска билка која започна да се користи и на Запад во последните години поради гоемите бројни здравстрвени ефекти. Дали знаевте дека таа може да ја подобри работата на џигерот и мозокот?

Овој зачин се користел со векови како лек за болестите на џигерот. Меѓутоа ескпертите започнале да ги испитуваат здравствените ефекти научно-докажано изминатите 20 години.
Она што тие го откриле е дека куркумата е доста корисна затоа што има значајни анти-инфламаторни и антоксидансни ефекти. Неговата активна состојка куркумин го намалува ризикот од појава на болести на џигерот со што помага при чистењето на токсини од телото. Во џигерот се врши акумулација но и исфрлање на сите отрови од телото па затоа редовниот детокс  е препорачлив за секого.

Храната, начинот на живот, стресот, загаденоста во воздухот, хемикалиите и бројни фактори влијаат врз акумулацијата на токсини во телото. Колку повеќе токсини толку е поголема веројатноста за појава на болести и намален имунитет.

Доколку сакате да се чувствувате свежи тогаш овој рецепт е одличен за детокс во било кој период од годината.

Состојки:

1/4 лажица куркума

1-2 чаши вода

Мотод на подготовка:

Зовријте ја водата, додајте ја куркумата и гответе уште 10 минути. Оставете малку да се олади и пијте ја топла рано наутро пред да го консумирате својот појадок.

]]>
http://zdravjeihrana.mk/shto-ke-mu-se-sluchi-na-vasheto-telo-dokolku-piete-topla-voda-izmeshana-so-kurkuma-vo-period-od-edna-nedela/feed/ 0
Традиционален посен колач со мармалад http://zdravjeihrana.mk/traditsionalen-posen-kolach-so-marmalad/ Fri, 11 Aug 2017 12:49:30 +0000 http://zdravjeihrana.mk/?p=5536 Потребни состојки за овој рецепт се:

Во поголем сад со миксер мешајте ги шеќерот и посниот маргарин па и сокот и мешајте додека не стане пенесто,  потоа додајте го мармаладот па брашното и на крај солта.  Смесата префрлете ја во четвртаст калап за печење обложен со хартија за печење,
а врз неа со мала лажица нанесете од мармаладот .
Печете на 180 степени половина час.

]]>
Уживајте во пиењето кафе, додека ги губите вишокот килограми!! http://zdravjeihrana.mk/uzhivajte-vo-pieneto-kafe-dodeka-gi-gubite-vishokot-kilogrami/ Thu, 10 Aug 2017 10:10:09 +0000 http://zdravjeihrana.mk/?p=5531 Специјално дизајнирано кафе кое допринесува за:

  • Намалување на телесната тежина
  • Намалување на апетитот
  • Зголемување на будноста и вниманието
  • Забрзување на метаболизмот
  • Ја зголемува енергијата
  • Ја зголемува оксидацијата на мастите

Уживајте во пиењето кафе, додека ги губите вишокот килограми. Дознајте како да постигнете и како да ја одржите идеалната тежина со овој омилен напиток. Во својот состав Slim Line кафето го содржи најдоброто Арабика кафе, така да во процесот на слабеење ќе го конзумирате највкусното кафе. Многу наши купувачи и членови секојдневно конзумираат големи количини различни видови на кафе, Slim Line кафето ви е одлична замена за сите видови кафе доколу сакате да ја регулирате вашата телесна тежина.

Природните состојки на Slim Line кафето не само што ќе ви помогнат да постигнете максимални ефекти, туку и ќе ја подобрат работата на когнитивниот систем и брзото топење на вишокото маснотии без строги диети и вежби. Значи без многу напори, намалете ја и одржете ја телесната тежина.

Сите наши членови со помош на Slim Line капсулите и Slimline Acai Berry, користат и Slim Line кафе, затоа што тоа дополнително помага во намалувањето на апетитот и можноста да се постигнат неверојатни резултати. Slim Line кафето е идеално за намалување на тежината и апетитот, во облик на инстант прав. Овој производ содржи екстракти од билки и кафе арабика. Екстрактите од билките содржат метаболити: тирамин (N-metil-tyramin), октопамин и синефрин, супстанци кои се хемиски слични на епинефринот и имаат влијание врз адренергичките рецептори, кои го намалуваат апетитот и го забруваат метаболизмот до таа точка да телото само почни да ги согорува калориите, што доведува до намалување на наталожените масни наслаги. Термогениот ефект и согорувањето на калориите се јавуваат како последица на стимулирање на липолизата во телото, која нема никакви несакани ефекти на централниот нервен и на кардиоваскуларниот систем.

Присуството на на хидроксицитричната киселина во мали количини и активната состојка Гарсинол од Garsinia Gambogia допринесува во согорувањето на мастите и ги штеди јаглените хидрати за време на мирување и/или физички активности со што се намалува формирањето на масни наслаги. Гарсинолот ја намалува киселоста со што го штити желудникот. Присуството на кафе во овој производ во количина од 85мг до 130мг, го зголемува вниманието,  капацитетот на меморија и ги зголемува физичките перформанси.

Препорачана дневна доза: еднаш дневно по една ќесичка после оброк. Една ќесичка се става во топла вода, не повеќе од 100°C, а потоа се конзумира на вообичаен начин.

Производот е наменет за луѓе од 18-65 години.

]]>
Рецепт за највкусната лазања http://zdravjeihrana.mk/retsept-za-najvkusnata-lazana/ Tue, 08 Aug 2017 07:59:09 +0000 http://zdravjeihrana.mk/?p=5526 И благодариме на Оливера што не почести со ова превкусно задоволство, па за таа цел денес со вас го споделуваме нејзиниот рецепт за подготовка на лазања која верувајте до сега е највкусната која сме ја испробале . Овој рецепт е одличен за ручек за гости или повеќе члено семејство затоа што сите ќе уживаат а ќе има и репете.

Подготовка:
– 500 мл доматен сос
– 1кг мелено месо
– 2 пакетчиња лазањи
– маслиново масло
– кромид
– морков
– кашкавал
– оригано, бибер, црвена пипер и сол
– малку лук
– кашкавал и малку пармезан

Кромидот ситно се сецка и се пропржува во тава.
Откако ќе се пропржи во кромидот се додава ситно изрендан морков и меленото месо. Се додаваат зачини.
откако ќе добие убава боја во месото се додава малку лукче ситно исецкано и доматниот сос.
оставете да прокрчка месото заедно со доматниот сос околу 5 минути.
На дното на длабока тепсија се реди ред кори за лазања и се потураат со сосот, па така следен ред се додека не се истроши смесата. Постапката се прави додека е сеуште топол сосот.
Се остава тепсијата да излади некои 10 минути па се става во рерна да се пече на 150 степени околу 45 минути . Пред самиот крај на печењето над лазањата се реди цел ед изрендан кашкавал и малку пармезан .
Откако ќе зарумени се вади и се сече на коцки. Се јаде и топла и ладна затоа што оваа верзија не е со бешамел сос.

]]>